Кои се позитивните, а кои негативните особини на вашиот хороскопски знак?

Кои се позитивните, а кои негативните особини на вашиот хороскопски знак?

Некој ќе каже дека секој човек е посебна индивидуа и дека се радува и лути на свој сопствен начин. Ќе се согласиме дека ова конотација е точна, но исто така, вистина е и тоа дека со нашиот живот, па и однесување и тоа како раководат ѕвездите, па со самото тоа за одредени особини знакот во кој сме родени умее да ги замеша своите прсти. Па така, Раковите се чувствителни и плачливи, но нервозни, додека пак Скорпиите се ладни, понекогаш пресметани, но и лојални пријатели. Време е да ви ги откриеме позитивните, но и негативните особини на вашиот хороскопски знак.

1-koi-se-pozitivni-a-koi-negativni-osobini-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Овен

Планетата која владее со Овните е Марс, па затоа, личностите кои се родени во овој знак се енергични, храбри и полни со енергија.

Позитивните особини на овој знак се тоа што Овните никогаш не се откажуваат од својата цел, дури и кога останатите ги убедуваат дека тоа нешто е невозможно и тешко остварливо. Вие не се откажувате ниту кога ќе удрите со главата во ѕид. Нема предавање, само храбро чекорите понатаму не размислувајќи за последиците. Доста сте интелигентни, а вашиот мозок не се гаси ниту додека спиете.

Негативните особини на овој знак се тоа што брзо пламнувате, склони сте кон конфликти и ги критикувате туѓите грешки, односно како што би кажале старите, барате „влакно во јајцето“. Исто така можете да бидете себични, особено кога станува збор за љубовта. Со желба секогаш да бидете први и најдобри, честопати ги повредувате чувствата на другите.

Бик

Со Биковите владее планетата Венера, па затоа тие се отсликуваат со упорност, објективност и рационалност.

Позитивните особини кај Биковите се тоа што не брзате ниту со една одлука, а кај вас важи онаа позната поговорка: „Три пати мери, еднаш сечи.“ Задоволство е да се соработува со вас и да ве има во тимот, бидејќи сте ведри и колегијални, а најважно е тоа што сте спремни да се занемарите себеси за да им помогнете на другите.

Вашите негативни особини започнуваат со преголемата тврдоглавост. Немате многу маани, но воопшто не попуштате тогаш кога сметате дека сте во право, по цена сè да ви се врати по глава. Поради тоа можете да дојдете во ситуација во која луѓето ќе ве избегнуваат. Многу Бикови се и големи материјалисти.

Близнаци

Со Близнаците владее планетата Меркур, а вашите главни адути се високата интелигенција и љубопитноста.

Од позитивните особини се издвојува фактот што вие воопшто не мирувате и константно го истражувате светот околу вас, а потоа детално ги анализирате заклучоците до кои сте дошле. Ве краси и таа особина да умеете без никакви проблеми да се спуштите на нечие ниво и да се прилагодите на секоја ситуација. Исто така, вие сте многу секси и шармантни.

Негативните особини ви се тоа што понекогаш сте површни и жестоки.

2-koi-se-pozitivni-a-koi-negativni-osobini-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Рак

Вашата владејачка планета е Месечината, а особините кои го красат овој знак се љубезноста и чувствителноста.

Вашите позитивните особини го вклучуваат тоа што сакате да им угодите на сите и вечито сте рамо за плачење. Вие генерално ги сакате луѓето и за вас најголема пофалба и успех е кога ќе ви кажат дека сте добар човек и верен пријател. По природа сте секако, многу дружељубиви, хумани и верни.

Негативните особини вклучуваат склоност кон напади од нервоза и паника, а неретко живеете во облаците и избегнувате да ја прифатите реалноста и работите онака како што се. Раковите тешко наоѓаат решение за проблемите кои се создаделе. Најчесто само ќе тагуваат и паничат, наместо да седнат и да размислат за она што се случува.

Лав

Со личностите кои се Лав во хороскоп владее Сонцето, па затоа не е чудно што вашите карактеристики се лидерство и организираност.

Позитивните особини ве водат кон состојба секого да го убедите во вашата замисла без многу труд. Самоуверени сте, директни и во поголемиот дел од случаите сте доста успешни во работата со која се занимавате.

Вашите негативни особини се огромната љубов кон себе. Вие сте број еден за себеси и секогаш сте си на прво место, а себичноста ја доживувате како позитивна особина, не како ароганција. Вие пронаоѓате задоволство во тоа да им наредувате на луѓето, па токму поради тоа, честопати не обрнувате внимание на нивните чувства.

Девица

Со Девиците владее планетата Меркур, па овој знак се одликува со организираност и големите амбиции.
Од вашите позитивни особини, вие ја цените практичноста и одговорноста, а Девиците се познати и како перфекционисти и максимално внимателни личности.

Негативните особини вклучуваат честопати претерување во критикувањето на другите луѓе и на она што тие го прават. Поради тоа другите луѓе ве доживуваат како нечувствителни и арогантни. Доста сте скржави со парите, што исто така, останатите ги нервира.

3-koi-se-pozitivni-a-koi-negativni-osobini-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Вага

Со вас владее планетата Венера, а карактеристиките кои ги красат Вагите се пристојноста, љубезноста рамномерноста.

Кога станува збор за позитивните особини, вие сте секогаш одмерени, смирени и кон сите крајно љубезни и коректни. Вие секогаш размислувате за тоа дали со вашите постапки ќе навредите или повредите некого и како околината ќе реагира на вашите потези и одлуки. Вие од сите останати знакови имате најмногу вкус и ја обожавате модата.

Во вашите негативни особини може да се најде неодлучноста и за сите да бидат среќни и задоволни склони сте да се согласите, без да трепнете. Сметате дека лагите се оправдани доколку направат некого среќен.

Скорпија

Со вас владее најладната планета, Плутон и затоа се сметате за искрени, храбри и верни.

Како позитивна особина, може да се издвои фактот што вие сте пријател каков што сите посакуваат. Другите ве гледаат како силна, бестрашна и мистична личност.

Негативните особини вклучуваат сомневање во секого и дека во луѓето најпрво ги гледате негативните, а потоа позитивните особини. Умеете да бидете немилосрдни, одмаздољубиви и многу зли спрема личноста која ве повредила и која кон вашето мислење е неправедна.

Стрелец

Вие сте огнен знак со кој владее планетата Јупитер, па затоа се одликувате со отвореноста и толерантноста.

Како позитивни особини, вие во сè гледате забава, обожавате излегувања и дружење и секогаш сте опкружени со пријатели. Вие на секого му измамувате насмевка на лицето, многу сте духовити и занимливи. Исто така, уживате во тоа да ги разменувате вашите знаења и искуства со другите луѓе.

Негативните особини ви се тоа што често го менувате своето расположение, често ги менувате вашите ставови и многу лошо се справувате со парите.

4-koi-se-pozitivni-a-koi-negativni-osobini-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Јарец

Со Јарците владее планетата Сатурн, па затоа вие сте стрпливи, рационални и доста стабилни личности.

Вашите позитивни особини вклучуваат систематично и објективно пристапување на секој проблем. Многу сте сериозни, без разлика за што се работи. Кога нешто ќе зацртате, не се откажувате додека не го направите тоа.

Овој знак е познат по својот материјализам и скржавост, па тоа би се вклучило во неговите негативни особини. Исто така, можете да бидете претерано критични и умислени, што на луѓето никако не им се допаѓа.

Водолија

Вашата владејачка планета е Уран, па затоа ве краси огромна толеранција.

Од позитивните особини може да се издвои фактот дека секогаш сте во состојба да простите сè поради мирот и спокојот, многу сте пожртвувани и хумани. Никогаш нема да го прекршите даденото ветување.

Вашите негативни особини се тоа што не размислувате доста рационално, честопати сте меѓу облаците, па затоа луѓето ве гледаат како сонувачи или незнајковци.

Риби

Вашата владејачка планета е Нептун и за вас се карактеристични дружељубивоста и искреноста.

Како позитивни особини може да се издвои тоа што сте хумани, вечни оптимисти и доста срдечни. Сонувачи сте, односно секогаш размислувате за тоа како светот да стане подобро место.

Негативните особини ви се тоа што сте склони често да го менувате вашето расположение. Склони сте кон фантазирање и мечтаење, па понекогаш го губите допирот со реалноста. Можете да бидете многу мрзливи и пасивни.

5-koi-se-pozitivni-a-koi-negativni-osobini-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар