Бесцелниот живот на еден алкохоличар

Бесцелниот живот на еден алкохоличар

Drawing inspiration е шармантен краток анимиран филм, за среќните случајности во животот и длабоката желба за надминување на чувството на бескорисност.

Бесцелниот живот на еден алкохоличар

Алкохоличар, помирен со неговата судбина и „заглавен“ во неговото рутинско секојдневие со шишето вино во рака, пронаоѓа мистериозни цртежи на клупата во паркот, на која седи секој ден. Овие цртежи почнуваат да му ги „скокоткаат“ мислите и од тој момент тој започнува да го забележува светот околу себе и неговото место во него.

Бесцелниот живот на еден алкохоличар

Тој сретнува младо момче, чија невина љубопитност и жед за разбирање на светот, го охрабрува и му помага да се ослободи себеси од самоуништувачкиот десоцијализиран живот. Безгрижниот детски живот успева да „отклучи“ сегмент од неговиот карактер кој го имал заборавено многу одамна.

Ова инспиративно видео ќе ви ја разнежни душата, ќе ви предизвика блага насмевка на лицето и ќе ве натера со поголема јачина да го „вдишувате“ светот околу себе додека ги извршувате секојдневните обврски.

Краткиот филм е во режија и сценарио на Тим Мекурт и Весли Луис, а приказната е на Стив Стемп.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. A.Westwick Reply

    Одлична приказна!!

  2. Мирна Reply

    Совршено!

Остави коментар