Ана Винтур: Ова се особините кои ги има идеалниот кандидат за работа во светот на модата

Многу тајни за работата на Ана Винтур во „Вог“ можевте да откриете во филмот „Ѓаволот носи Прада“, но овој пат ги имаме нејзините најдобри цитати, особено оние во кои таа ги истакнува квалитетите на вработените и другите особини кои таа ги цени и почитува. Доколку отсекогаш сте сакале да работите во магазини како „Ел“ или „Вог“ или пак ја обожавате работата на Ана, тогаш запознајте ја на овој начин и проверете дали ги имате овие високо уважени потенцијали.

1-ana-vintur-ova-se-osobinite-koi-gi-ima-idealniot-kandidat-za-rabota-vo-svetot-na-modata-www.kafepauza.mk_

1. Култура

„Навистина сметам дека е важно да излезете и да посетите некои културни настани – проекции, театри, изложби…“

2. Самодоверба

„Дури и ако не сте сигурни во себе преправајте се дека сте, затоа што ќе така ќе им бидете многу појасни на другите.“

3. Став

„Сакам јаки луѓе. Не ги сакам оние луѓе кои ќе кажат ‘да’ на сѐ што јас сум навела или предложила. Сакам да бидам опкружена со луѓе кои можат да се сложуваат или пак не, односно имаат свој став и мислење.“

4. Личен стил

„Креирајте свој личен стил… бидете едноставни за себе и препознатливи за другите.“

2-ana-vintur-ova-se-osobinite-koi-gi-ima-idealniot-kandidat-za-rabota-vo-svetot-na-modata-www.kafepauza.mk_

5. Многу енергија

„Сакам да имам млади асистенти во својата канцеларија, бидејќи тие имаат многу енергија.“

6. Амбиција

„Многу сум добра во делегирањето – луѓето работат многу подобро кога имаат чувство на одговорност.“

7. Отвореност кон боите

„Никогаш не би носела ЦРНА боја од глава до пети.“

8. Претставување

„Во денешниот свет мора да остварите некој вид интеракција. Не може да бидете тешка, срамежлива личност која не е во состојба да погледне некого во лице. Мора добро да се претставите.“

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар