Ако вашето дете си игра со диносауруси, тогаш е попаметно од другите

Ако вашето дете си игра со диносауруси, тогаш е попаметно од другите

Доколку вашето дете сака диносауруси и знае сè за тираносаурусот рекс, слободно опуштете се. Имено, ова значи дека вашето дете најверојатно е натпросечно интелигентно, подобро може да го насочи вниманието, полесно ќе учи јазици и полесно ќе обработува информации.

Ако вашето дете си игра со диносауруси, тогаш е попаметно од другите

Накратко, децата кои сакаат диносауруси се подобри и попаметни ученици. Ова се резултатите од три посебни истражувања кои ги проучувале таканаречените „интензивни интереси“.

Уште во 2007-ма година било објавено истражување кое тврдело дека третина од малите деца, во некој момент ќе развијат посебен интерес за некоја тема. Диносаурусите се покажале како најпопуларна опсесија.

Научниците сè уште не откриле што го предизвикува овој интензивен интерес, но децата помеѓу 2 и 6 години можеле да именуваат повеќе диносауруси од нивните родители.

Детскиот психијатар Кели Чен смета дека ова е доказ дека можете да учите, а да не знаете дека го правите тоа.

„Поставувањето прашања, барањето одговори и стекнувањето стручност е процес на учење. Истражувањето на темата и нејзиното усвојување е корисно бидејќи на овој начин го формираме знаењето“, изјавила таа.

Според Кели, основната детска работа е играта, а токму преку неа учат најмногу. Но не станува збор само за диносаурусите. Имено, децата сакаат да покажат дека знаат нешто повеќе од нивните родители.

„Поради ова се чувствуваат помоќни. Ако родителите можат да именуваат 3 или 4 диносауруси, а детето 20, во себе ќе развие чувство на авторитет“, изјавил палеонтологот Кенет Лаковар.

Според истражувањето, интересот за одредена тема кај децата значително се намалува во рок од 6 месеци до 3 години. Сепак, она што детето ќе го научи во тој период, останува со него засекогаш.

Погледнете и како да ја поттикнете емоционалната интелигенција кај вашите деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар