Ако сфатите барем една од овие 4 брилијантни мудрости на Толтеците ќе ви се преобрази животот

Ако сфатите барем една од овие 4 брилијантни мудрости на Толтеците ќе ви се преобрази животот

Идејата дека човечкиот род напредува со текот на времето е наметната во последниве 200-300 години од западњачкиот свет кој тежнее кон материјализам. Денес повеќето нешта ги гледаме низ вредноста на материјалните нешта, а најмногу преку парите.

Сепак, многумина одамна се имаат уверено дека материјалното, парите и богатството не носат среќа и чувство на исполнетост. Човекот како земско суштество има потреба од материјални нешта за да преживее, но само она основното колку што навистина му е потребно. Сѐ плус е само бесмислено натрупување со ствари, поттикнато од алчност и потребата за престиж, што кога-тогаш ја празни човечката душа.

Вистинскиот развој на човештвото е во доблестите, во желбата меѓусебно да си помагаме и да ја развиваме нашата свест. Во таа насока оделе и многу стари цивилизации и култури, а една од нив е толтечката.

Ако сфатите барем една од овие 4 брилијантни мудрости на Толтеците ќе ви се преобрази животот

Потомокот на Толтеците Дон Мигел Руис има напишано едно неверојатно едноставно дело насловено „Четири спогодби со самиот себе“ во кое открива нешто од мудроста на старите Толтеци.

Овие мудрости се многу едноставни, што е дури неверојатно, а имаат моќ да го променат начинот на кој секојдневно го живееме животот. За да функционираат треба само да ги усвоиме и упорно да ги повторуваме сѐ додека не станат дел од нас. Тогаш тие 4 нешта почнуваат да функционираат спонтано, сами од себе. Еве за што се работи…

  1. Нека вашите зборови бидат беспрекорни – Зборувајте со интегритет, веродостојност, уверливост. Кажувајте го само она што го мислите, она што навистина го мислите и чувствувате. Избегнувајте да користите зборови против себе или за оговарање други. Употребувајте ја моќта и силата на зборовите во насока на вистината и љубовта. Збор, мисла, логос.
  2. Ништо не сфаќајте лично – Другите ништо не прават заради вас. Она што другите го кажуваат и прават е проекција на нивната лична стварност, нивните соништа. Кога сте имуни на мислењето и делувањето на другите, нема да бидете жртва на непотребно страдање. Секој живее само во својот сон.
  3. Не претпоставувајте – Најдете храброст за поставување прашања и за изразување на она што навистина го сакате. Комуницирајте со другите што почесто можете за да избегнете недоразбирања, тага и драматизирање на нештата, психодрами. Само со овие спогодби вие можете целосно да го промените својот живот. На тој начин ќе живеете исполнето во сегашноста.
  4. Секогаш давајте сѐ од себе – Ни помалку ни повеќе, туку најдоброто од себе. Тоа ќе се менува од миг во миг, ќе се разликува во зависност од здравјето и кондициската состојба или пак од состојбата на умот. Без оглед на околностите, едноставно давајте најмногу од себе и ќе избегнете тагување, самосожалување и слично. Ќе постигнете мир бидејќи ќе знаете дека сте направиле сѐ што сте можеле.

Со примена на само едно од овие начела вие можете целосно да ги промените односите со другите и вашиот живот.

Старите цивилизации всушност често биле не само понапредни, туку и со своите примери сведочат за постигнување на многу поголем развој одошто ние можеме воопшто да замислиме. Дали воопшто ние знаеме до каде стигнале некои луѓе кои живееле илјадници години пред нас?

Зошто е тоа толку лесно возможно? Затоа што критериумите според кои денес се мери развојот се исклучиво материјални, заради некакво докажување или пак со пари. Но, она што е неопипливо, а што знаеме дека постои (нашите мисли, емоции, душа, интуиција), тоа не се признава. А од друга страна пак, начинот на кој ние го доживуваме светот се базира токму на она што е внатрешно, неопипливо, невидливо.

Оној што се развива однатре, лесно ќе се развие и однадвор. Оној кој смислата ја гледа само во предметите околу себе, внатрешно ќе заостанува. Човекот може да лета со авион, но побрзо и подалеку може да одлета со духот. Според тоа, духот е посилен од материјата.

Прочитајте ги и овие 20 мудрости со чија помош ќе пронајдете мир.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар