9 познати личности кои имаат свои идоли

9 познати личности кои имаат свои идоли

Сите имаме свои идоли. Некои луѓе купуваат филмови и музика направена од своите омилени познати личности, а други се облекуваат исто како нив. Исто така, постојат луѓе кои се обидуваат да го сокријат фактот дека имаат идоли, а некои се прашуваат дали познатите личности имаат свои идоли. На крајот на краиштата, и тие се вистински луѓе, исто како нас. Единствената разлика е во тоа што ним им е полесно да ги запознаат своите идоли.

Џенифер Лоренс – Кардашијан

9 познати личности кои имаат свои идоли

Кој би помислил дека Џенифер Лоренс сака да го гледа шоуто „Во чекор со Кардашијанс?“ Таа многупати има изјавено дека сака да ја гледа емисијата и дека го поддржува семејството.

Били Ајлиш – Џастин Бибер

9 познати личности кои имаат свои идоли

Били Ајлиш е обожавател на Џастин Бибер уште од дете. Нејзината мајка рече дека младата Ајлиш плачела кога ја слушнала песната „As Long as You Love Me“. А, нејзиниот сон се остварил на фестивалот „Коачела“ во 2019 година. Бибер ја забележал Ајлиш и ја прегрнал. Тие станаа пријатели и заедно ја издадоа верзијата на хитот на Aјлиш, „Bad Guy“.

Ен Хатавеј – Леонардо ди Каприо

9 познати личности кои имаат свои идоли

Дали има некој што не го сака Леонардо ди Каприо? Дури и актерката Ен Хатавеј е негов обожавател. Секако, многу фанови се заљубија во Ди Каприо откако го видоа во „Титаник“. Но, актерката призна дека ѝ се допаѓал Ди Каприо уште од неговите денови во „Growing Pains“.

Мајли Сајрус – Хилари Даф

9 познати личности кои имаат свои идоли

Во разговорот помеѓу Мајли Сајрус и Хилари Даф, ѕвездата на Хана Монтана изјави дека е огромна обожавателка на Хилари. Сајрус рече дека одела на нејзините концерти кога имала 11 години. Се облекувала слично како неа и се надевала дека Даф ќе ја забележи. Била опседната со нејзината маица на која било напишано „Нешвил“.

Адел – Бијонсе

9 познати личности кои имаат свои идоли

За време на наградите Греми во 2017 година, Адел кажа неколку многу потресни зборови што ја расплакаа Бијонсе. Таа рече дека е многу благодарна и трогната, дека нејзиниот животен сон е да ја запознае Бијонсе и дека нејзиниот најдобар албум, според нејзиното мислење е „Lemonade“. Таа рече дека албумот е неверојатен и дека душата на Бијонсе се влева во него.

Тејлор Свифт – Џастин Тимберлејк

9 познати личности кои имаат свои идоли

Никогаш не беше тајна дека Тејлор Свифт ги знае сите текстови на песните на Џастин Тимберлејк уште од дете. А, за време на шоуто на Елен Деџенерис, таа се сретна со својот идол. Оттогаш, тие станаа пријатели.

Блејк Лајвли – Ема Бантон

9 познати личности кои имаат свои идоли

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blake Lively (@blakelively)

Блејк Лајвли ја објави својата фотографија од детството од концертот на Спајс Грлс каде што била облечена како Ема Бантон. Идната актерка убеди 5-годишно девојче дека таа е Бантон. Блејк навистина сакала да биде како својот идол, преправајќи се дека е некој друг уште од 1997 година. „Извинете што не ми е жал што ве измамив да мислите дека сум Ема“, рекла актерката.

Емилија Кларк – Мaт Лебланк

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @emilia_clarke

Кога ѕвездата на „Игра на тронови“, Емилија Кларк и Џои од „Пријатели“ беа заедно на „The Graham Norton Show“, никој не очекуваше дека Кларк ќе каже дека е голем обожавател на Мат Лебланк. Кларк дури го замоли актерот да ја каже својата позната реплика „How you doin?“

Рита Ора – Мадона

9 познати личности кои имаат свои идоли

Според Рита Ора, таа навистина се исплашила пред да се сретне со својот идол, кралицата на поп-музиката, Мадона. За време на една добротворна акција, ексцентричната Мадона побарала од Ора да клекне на подот до неа.

Прочитајте ги овие 10 моќни приказни што се кријат зад тетоважите на познатите личности.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар