9 навидум лоши навики што имаат и позитивно влијание

9 навидум лоши навики што имаат и позитивно влијание

Секојдневните навики, без разлика колку се мали, можат да имаат големо влијание врз нашиот живот и нашето здравје. Некои од нив ќе ви помогнат да живеете подобро и поквалитетно, додека други можат само да ви ја отежнат ситуацијата. Иако повеќето од нас се обидуваат да ги избегнат лошите навики, секој си има барем една од нив. Но некои навики кои ги сметаме за лоши, всушност можат да имаат позитивно влијание врз здравјето и расположението.

9 навидум лоши што имаат и позитивно влијание

1. Џвакање гума за џвакање

Истражувањата покажале дека џвакањето гума за џвакање може да има позитивни ефекти, како подобрување на меморијата, намалување на стресот и зголемување на вниманието. Едно истражување покажало дека луѓето кои џвакаат гума за време на испит, имаат 24% подобра краткотрајна меморија за разлика од другите. Друго истражување покажало дека џвакањето го намалува стресот, бидејќи го намалува нивото на стрес хормонот кортизол.

2. Играње видео игри

Акционите игри наводно ни помагаат побрзо да ги обработиме податоците што ги добиваме, притоа забрзувајќи го процесот на реагирање и донесување одлуки. Исто така, истражувањата покажале дека видео игрите ја зголемуваат и способноста за учење. Важно е да се спомене дека ова важи само за акционите игри, со побрзо темпо.

3. Пцуење

Повеќето луѓе ќе се согласат дека пцуењето е лоша навика од која би требало да се ослободиме. Но, некои истражувања покажале дека пцуењето ни помага да се ослободиме од стресот и да ја исфрлиме фрустрацијата. Сепак, доколку претерате, нема да имате никаква корист.

4. Неуредност

Неуредноста може да биде знак на неорганизираност, но исто така покажува и креативност. Еден пример за тоа е експериментот на Кејтлин Вос, од Универзитетот во Минесота. Таа сместила две групи луѓе во разни соби, од кои една била средена, а другата неуредна. Потоа им рекла да смислат што е можно повеќе употреби за топче за пинг-понг. Резултатите покажале дека луѓето кои се наоѓале во неуредната соба имале покреативни идеи.

5. Долго спиење

Доколку сакате да спиете подолго, тоа не значи дека сте мрзливи. Истражувањата покажуваа дека раното будење и не е многу добро за нашето здравје. Луѓето кои се будат рано се изложуваат на ризик од висок крвен притисок, инфаркт и запушување на артериите.

6. Озборување

Иако озборувањето се смета за лоша навика, некои истражувања покажале дека има позитивно влијание. Имено, озборувањето создава поврзаност со другите и го олеснува создавањето на нови пријателства. Исто така помага и при намалување на стресот и анксиозноста.

7. Ждригање

За некои луѓе, ждригањето звучи одвратно, но тоа е нормален дел од дигестијата. Ждригањето помага да се ослободите од гасовите во желудникот, а со тоа и да го зачувувате здравјето на дигестивниот систем.

8. Прескокнување на туширање

Секојдневното туширање, особено со жешка вода, ја суши кожата и ги прави порите повидливи. Доколку се туширате преку еден ден, тогаш ѝ давате време на кожата да се обнови со нејзините природни масла, па таа станува мека и блескава. Исто така, сапунот ги убива и добрите бактерии на површината на кожата.

9. Туширање со студена вода

Студената вода ја подобрува циркулацијата во телото бидејќи го зголемува нивото на глутатион, главниот антиоксиданс во нашето тело. Исто така, студениот туш го намалува крвниот притисок, го подобрува имунитетот и помага при слабеењето.

Дали знаете кои се лошите навики на интелигентните луѓе?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар