9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваат

Гласините за познатите личности се ширеле наоколу уште пред постоењето на Интернетот, но по неговата појава, вестите почнаа да се шират уште побрзо и целиот виртуелен свет постојано е преплавен со сочни озборувања. Некои од тие трачеви станале толку популарни што луѓето навистина почнале да веруваат во нив. Прочитајте ги следниве 9 смешни митови кои докажуваат дека каде што има чад, нема секогаш оган…

1. Лорд има 45 години

9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваат

Необичниот изглед на Лорд, пеачката од Нов Зеланд, беше предмет на многу озборувања поврзани со нејзината вистинска возраст. Некои велат дека младата ѕвезда има повеќе од 40 години, иако таа имаше само 17 кога излезе нејзиниот прв албум. Овој податок е потврден и со нејзиниот извод на раѓање според кој таа е родена на 7 ноември, 1996 година. За жал, овој доказ не е доволно убедлив за некои луѓе.

2. Измамничка ја заменувала Аврил Лавињ

9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваат

Овој мит се роди во 2015 година, кога еден бразилски веб-сајт посветен на поп панк пеачката тврдеше дека Лавињ починала во 2003 година и била заменета од страна на нејзина двојничка по име Мелиса Вандела. За да ја потврди оваа хипотеза, авторот се повикал на исчезнувањето на бенките од лицето на Аврил Лавињ и промените во нејзиниот изглед. Сите овие аргументи биле отфрлени како неточни, но легендата за мистериозната двојничка сѐ уште постои.

3. Стиви Вондер не е навистина слеп

9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваат

Многумина веруваат дека легендарниот пејач се преправа дека е слеп, затоа што редовно оди на кошаркарски натпревари, купува телевизори, а еднаш се обидел да го фати микрофонот додека паѓал. Оние што ја подржуваат оваа теорија единствено не можат да објаснат зошто Стиви Вондер би се преправал дека е слеп цели 67 години.

4. Мерилин Монро носела облека со број 50

9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваат

Телото на Мерилин Монро се смета за легендарно. Тоа ја претставува идеалната женска фигура, а некои го сметаат и за тело со прекумерна тежина. Меѓутоа, мерките на Монро раскажуваат поинаква приказна. Всушност, тие се многу слични на телесниот облик со мерки 36-24-36, што се смета општо прифатливо во денешно време. Докази за тоа се нејзината облека и белешките од нејзините стилисти кои потврдуваат дека актерката носела облека со број 40. Но, тежината на Монро навистина била променлива. На пример, таа се зголемила за време на нејзината бременост која за жал завршила со абортус. И покрај тоа, таа никогаш немала вишок килограми.

5. Кејти Пери е ЏонБенет Ремзи

9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваат

Фановите на оваа поп ѕвезда имаат теорија дека Кејти Пери не е навистина Кејти Пери! А не е ни Кетрин Хадсон (Кејти одлучила да го користи моминското презиме на мајка ѝ за да не биде поврзувана со актерката Кејт Хадсон). Тие мислат дека нејзиното вистинско име е ЏонБенет Ремзи, девојчето кое победило на многу избори за убавина. За жал, Ремзи починала кога имала 6 години, а нејзината мистериозна смрт сѐ уште не е разрешена. Овој факт и сличноста помеѓу ЏонБенет и Кејти биле причината за развивање на апсурдната теорија. Но, многу е лесно да се побие оваа гласина: Кога Ремзи се родила, Кејти веќе имала 6 години.

Продолжете на следната страница за останатите смешни гласини…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар