9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваат - Part 2

9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваат

6. Бијонсе никогаш не била бремена

9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваат

Оваа гласина се појави на една австралиска ТВ емисија за време на првата бременост на пеачката. Бијонсе се соочи со многу критики поради фустанот што го носеше, бидејќи тој направи да делува како нејзиното трудничко стомаче да е лажно. Оваа илузија им даде причина за озборување на гладните трачари, кои развија чудна теорија дека пеачката лажела за нејзината бременост поради проблеми со плодноста. Неодамна, Бијонсе роди два прекрасни близнаци што е доволен доказ дека репродуктивниот систем на пеачката е сосема во ред.

7. „Вистинскиот“ Пол Макартни починал во 1966 година

9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваат

Поддржувачите на оваа теорија веруваат дека вистинскиот Пол Макартни умрел во сообраќајна несреќа што се случила пред половина век и потоа бил заменет од страна на двојник. Наводно, ова било навестено повеќепати во песните на Битлси и во симболизмот на нивната уметност. На пример, на омотот за албумот „Abbey Road“, Пол не може да ги стигне останатите членови од бендот и оди бос (починатите се закопуваат боси). Дали ќе одлучите да се смеете или да плачете поради ваквите докази, останува на вас.

8. Телото на Волт Дизни било криогенски замрзнато

9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваат

Познатата легенда вели дека телото на големиот Дизни било криогенски замрзнато за да може да биде разбудено во далечна иднина кога ќе има соодветна технологија. Оваа теорија се појавила поради тоа што смртта на Волт Дизни се случила во периодот кога се развила криогениката. Наводно, филмскиот продуцент покажал интерес за оваа технологија. Во реалноста, Волт одбрал оган наместо мраз. По кремирањето, неговите остатоци биле закопани во еден од меморијалните паркови во Лос Анџелес.

9. Принцот Чарлс не му е татко на принц Хари

9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваат

Принцезата Дијана и нејзиното семејство со години биле мета на голем број смешни теории на заговор. Црвенокосиот принц Хари не е никаков исклучок. Наводно, неговиот вистински татко е Џејмс Хјуит, а не принцот Чарлс. Дури и да биле во врска принцезата Дијана и Хјуит, тој не може да биде татко на нејзиниот помал син. Кога Хјуит ја запознал принцезата од Велс, принцот Хари веќе бил роден. Освен тоа, Хари личи на вујко му, брат ѝ на Дијана, Чарлс Спенсер. Ова не е никакво изненадување со оглед на тоа што децата понекогаш не личат толку на нивните родители колку што личат на други роднини.

БОНУС: Елвис е жив

9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваат

Секако дека Елвис засекогаш ќе живее во нашите срца. Но, некои фанови на кралот на рокенролот упорно се обидуваат да најдат докази дека пејачот ја лажирал сопствената смрт. Имено, дента по неговата смрт, човек по име Џон Бароус купил авионски билет во еден правец до Буенос Аирес на аеродромот во Мемфис. Според гласините, Бароус изгледал и зборувал исто како Елвис. Освен тоа, „Џон Бароус“ е прекарот што Елвис Присли го користел секогаш кога сакал анонимно да резервира хотелска соба.

Во продолжение дознајте кои познати личности имаат висок коефициент на интелигенција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар