9 холивудски ѕвезди кои страдаат од смртоносни и неизлечиви болести

Кога ќе ги погледнеме холивудските ѕвезди, нивните животи делуваат совршено. Тие секогаш изгледаат совршено и затоа претпоставуваме дека многу добро се грижат за нивните тела. Редовно вежбаат, јадат салати и одбегнуваат брза храна за да го зачуваат своето здравје. Нивните здрави навики им помагаат да се заштитат од настинките, грипот и слично. Сепак, нивниот труд не вреди ништо кога станува збор за хронични болести. Следниве холивудски ѕвезди страдаат од неизлечиви болести кои се опасни за нив и може да ја причинат нивната смрт. Прочитајте за кои познати личности станува збор…

1. Анџелина Џоли

9 холивудски ѕвезди кои страдаат од смртоносни и неизлечиви болести

Оваа прекрасна актерка отсекогаш ги освојувала срцата на нејзините обожаватели. Со години ги зазема првите места на листата на најубави жени во светот и има глумено во многу познати филмови. Освен тоа, Анџелина е позната и по нејзиниот контроверзен љубовен живот, тргнувајќи од Били Боб Торнтон, па сѐ до разводот со Бред Пит. Што се однесува до нејзиното здравје, Анџелина Џоли има мутација на BRCA1 генот, што значи дека е изложена на ризик од рак на дојка. Постојат големи шанси дека во иднина ќе треба да се соочи со сериозните последици.

2. Селена Гомез

9 холивудски ѕвезди кои страдаат од смртоносни и неизлечиви болести

Поранешната ѕвезда од Дизни сега е една од најубавите жени во светот. Во јавноста секогаш се појавува со насмевка на лицето. Таа е многу позитивна и весела. Но, понекогаш немаме поим колку солзи се кријат зад насмеаните очи. Селена Гомез страда од лупус, автоимуна болест. Болеста влијае на нејзините здрави ткива и органи и се обидува да ги оштети. Селена неодамна имаше трансплантација на бубрег.

3. Лил Вејн

9 холивудски ѕвезди кои страдаат од смртоносни и неизлечиви болести

Лил Вејн призна дека има епилепсија по многубројните шпекулации од страна на медиумите и неговите чести посети на болницата. Кога во 2013 година доживеал 3 напади по ред, рап ѕвездата ја потврди сериозноста на неговата состојба и откри дека можно е наскоро да почине. Лил Вејн бил дијагностициран со епилепсија уште од дете, а нападите ги припишува на претераната работа, стресот и недостатокот на одмор. Страшно е тоа што нападите кај раперот се случуваат ненадејно и тој комплетно губи свест. Откако поминал речиси цела недела во болница во март 2013-та година поради многубројните напади, Лил Вејн објаснил дека се исплашил дека ќе го изгуби животот, но тоа не било првиот пат кога му се случило такво нешто.

4. Тони Брекстон

9 холивудски ѕвезди кои страдаат од смртоносни и неизлечиви болести

Тони Брекстон била дијагностицирана со лупус во 2010 година. Пејачката отсекогаш била отворена во врска со нејзината битка со оваа автоимуна болест, но иако постојано се чувствува исцрпено и редовно има симптоми на грип, таа не дозволува тоа да ја попречи во градењето на нејзината кариера.

Продолжува на следната страница

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар