9 цитати од Оскар де ла Рента кои вреди да се прочитаат

Оскар де ла Рента има посебно место во модата, а неговиот успех во кариерата инспирира многу млади ширум светот. Тој е икона на стил и еден од најдобрите светски дизајнери кој беше заслужен за облеката на многу познати личности. Но, покрај елегантната и гламурозна облека кој ја дизајнирал, тој ќе се помни и по многу инспиративни цитати кои ја топлат душата и имаат моќ да направат да се чувствувате како победници дури и во најтешките ситуации. Неговите мисли се богатство мудрости кои можат во секое време да ви помагаат.

9 цитати од Оскар де ла Рента кои вреди да се прочитаат

„За мене е многу поедноставно сакањето отколку мразењето… Да ја искусите љубовта, тоа е една прекрасна работа.“

„Сите ние во животот правиме огромни грешки. Единственото нешто кое никој не го прифаќа е дека сме смртни и дека еден ден сите ќе умреме.“

„Не сум осаменик. Обожавам да сум опкружен со луѓе. Обожавам кога сум контрадикторен. Сакам предизвици, дури и оние кои се обични. Секојдневни.“

„Сите овие награди претставуваат огромна чест. Но, мислам дека најголемата награда е тоа што секој ден одам на работа за да го работам она кое најмногу го сакам.“

„Жените секоја година ме инспирираат. Немам една тема врз чија основа ќе ја креирам гардеробата за следна сезона. Се трудам да создавам прекрасна облека во текот на целата година.“

„Она што најмногу го ценам кај жените е самодовербата и љубезноста.“

„Со пријателите се дружам исклучиво по дома. Никогаш не разговарам за работата, ниту се шегувам на сметка на мојата работа дома.“

„Мојата работа е да им овозможам на жените да се чувствуваат пријатно во својата кожа.“

„Секогаш велам – за да бидеш добро облечен, мора да изгледаш добро и гол.“

„Работи напорно. Верувај во себе. Не продава публицитет облеката, туку жените.“

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар