8 животни вистини од кинескиот филозоф Лао Цу што ќе ви го променат животот

8 животни вистини од кинескиот филозоф Лао Цу што ќе ви го променат животот

Лао Цу е еден од најпознатите кинески филозофи и од него можеме да научиме многу важни животни лекции. Тој е автор на „Тао Те Кинг“ и основач на таоизмот. Во продолжение прочитајте неколку вистини што ќе ви го променат животот.

8 животни вистини од кинескиот филозоф Лао Цу што ќе ви го променат животот

1. Веќе го имате одговорот на сите животни прашања

Во срцето на вашето битие лежи одговорот на сите прашања; знаете кои сте и што сакате.

Да ги познавате другите е знак на интелигенција; да се познавате себеси е знак на вистинска мудрост. Да управувате со другите е сила; самоконтролата е вистинска моќ.

Кога ќе се ослободите од она што сте, станувате она што би можеле да бидете.

2. Кога ќе се препуштите, тогаш се ослободувате

Ако сакате да станете целина, дозволете си да бидете нецелосни. Ако сакате да бидете во право, дозволете си да погрешите. Ако сакате да бидете исполнети, дозволете си да бидете празни. Ако сакате повторно да се родите, дозволете си да умрете.

3. Вашето его никогаш нема да ви донесе вистинска среќа

Тој што се дефинира себеси, никогаш нема да знае кој е навистина.

Тој што има моќ над другите, нема моќ над себе.

Тој што се обидува да блесне, ја пригушува сопствената светлина.

4. Злото умира кога го игнорирате

Не давајте му на злото нешто на што може да се насочи и само ќе исчезне.

5. Доброто секогаш победува, злото секогаш губи

Од добрите зборови произлегува довербата. Од добри мисли произлегува духовноста. Од добрината на давањето произлегува љубовта.

Да бидете сакани дава сила, а да сакате некого дава храброст.

6. Бидете тоа што сте

Ако се грижите за одобрувањето на другите, вие сте нивниот заробеник.

Ако сте задоволни од она што сте без да се натпреварувате и да се споредувате со другите, сите ќе ве почитуваат.

7. Бидете скроми и ќе станете мудри

Мудар човек е оној кој знае што не знае.

Сè што тече, на крајот се влева во морето затоа што е на пониска надморска височина. Неговата моќ е во неговата понизност.

8. Промената е неизбежна – прифатете ја

Ако сфатите дека сè е подложено на промени, нема да се трудите цврсто да се држите до што било. Ако не се плашите од умирање, нема нешто што не можете да го постигнете.

Новите почетоци често се маскирани во болни завршетоци.

Прочитајте ги и овие ненадминливи цитати од познатиот психолог Ирвин Јалом – целата мудрост на животот се наоѓа во овие зборови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар