7 знаци дека сте емоционално исцрпени, а не сте свесни за тоа

Емоционалната исцрпеност не е шега и може да се маскира во различни видови стрес. Време е да препознаете кога сте на работ на вашата издржливот и како да го прифатите тоа што ви се случува. Во продолжение прочитајте кои знаци откриваат дека сте емоционално исцрпени.

7 знаци дека сте емоционално исцрпени, а не сте свесни за тоа

1. Секојдневните емоции ве изморуваат, дури и малите

Кога ќе дојдете до моментот кога секое мало негативно чувство се заканува дека ќе ве обесхрабри во блиска иднина, тоа не е знак дека не сте издржливи, туку дека сте емоционално преоптоварени.

Ако чувствувате дури и некоја мала непријатност, тоа е резултат на некој проблем што е присутен долго време. Не треба да го поправате тоа што е погрешно на површината. Треба да пронајдете храброст да видите што има под неа.

2. Вие сте премногу чувствителни

Вашата чувствителност не значи дека вие едноставно бурно реагирате, туку дека сте свесни дека сте во право и не можете да се справите со уште еден неуспех.

Наместо да ја користите вашата енергија за да се обидете да контролирате сè што е околу вас, прво треба да ја искористите за да откриете зошто сте толку си исцрпени. Можеби имате некои важни потреби што продолжувате да ги игнорирате.

3. Се чувствувате безнадежно

Друг клучен знак дека сте емоционално исцрпени е тоа што ги гледате работите преку перспективата „сè или ништо“. Тоа е така затоа што мислите дека секоја ситница е клучна за вас, но не е така.

Кога се чувствувате безнадежно, тоа не е затоа што вашата иднина е потемна. Тоа е начин да ги признаете емоциите кои се присутни во вас, како и интензитетот, сериозноста и времетраењето.

4. Се мачите да пронајдете волја да продолжите напред

Освен што се чувствувате безнадежно, за вас претставува предизвик да продолжите напред со вашиот живот.

Тоа е веројатно така затоа што се обидувате да одговорите на некои прашања за кои сè уште немате јасни одговори.

Одвојте време за себе и запрашајте се што ви треба и како да ги задоволите вашите потреби. Бидете искрени кон себе, размислете што ве мачи и почнете да ги решавате проблемите.

5. Се плашите од провокации

Тоа е така затоа што не можете да ги контролирате вашите чувства.

Проблемот не е во тоа што не можете да ги контролирате вашите реакции, туку во тоа што се оддалечувате од сè затоа што не можете да ги контролирате мислите и постапките на луѓето околу вас.

6. Или премногу ги изразувате вашите чувства или ги криете

Вие имате екстремни одговори: или плачете на секој час во текот на денот или воопшто не плачете.

Мора да научите како да ги обработите емоциите во соодветно време. Тоа значи дека треба да признаете како се чувствувате за некои работи и како соодветно да одговорите на тоа. Исто така, тоа значи да создадете соодветно место и време за да го искажете точно она што ви лежи на срце.

7. Подготвени сте за промена

И покрај тоа што се чувствувате безнадежно, вие всушност сте подготвени за трансформација и сте свесни за тоа.

Длабоко во себе знаете дека вашиот живот не се одвива како што сакате веќе некое време.

За да се промените, прво мора да го прифатите фактот дека не постои само еден единствен проблем, туку повеќе проблеми што предизвикале да бидете таму каде што сте денес.

Веќе не можете да ги негирате вашите чувства. Треба да се соочите со тоа што сте и да прифатите до каде сте стигнале. Вашиот нов живот ве чека на другата страна.

Откријте дали сте емоционално поинтелигентни од другите преку овие шест прашања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар