7 знаци дека не ја разбирате еволуцијата

7 знаци дека не ја разбирате еволуцијата

Еволуцијата може да се спореди со некои училишни предмети кои одредени ученици или ги разбираат или не. Понекогаш недостига добар наставник за сето тоа да го објасни, но некогаш и самата личност едноставно не го разбира концептот. Без разлика на личните убедувања, лекцијата за Чарлс Дарвин е една од оние кои и по неколкупати се повторуваат во текот на образовниот процес, а основни познавања (или разговорно, општа култура) се и повеќе од потребни.

7 знаци дека не ја разбирате еволуцијата

На каналот Godless Mom на Јутјуб е објавено видео со 7 знаци преку кои може секој да се провери дали ја разбрал еволуцијата. Во продолжение прочитајте кои се тие, а потоа и погледнете го видеото за подетални информации…

1. Често велите дека тоа е само теорија

Теориите, особено научните, се засновани на цврсти факти, но сепак недостасуваат неколку докази, па затоа остануваат само претпоставки. Секоја теорија е поддржана со доволно објаснувања, но и со практични експерименти кои ја поддржуваат. Така, кога ќе речете дека еволуцијата е само теорија, всушност ги покажувате сиромашните познавања од основните лекции по биологија.

2. Сметате дека еволуцијата се однесува на потеклото на животот

Ова е најчеста заблуда и затоа треба да се разграничи еволуцијата од создавањето на животот. Еволуцијата не објаснува како животот настанал на оваа планета, туку како се создавале различните животински видови и кои еволуирале едни од други.

3. Мислите дека еволуцијата значи дека животот е случаен

Во еволутивниот процес строго е дефинирана природната селекција, мутациите и преживувањето, така што, ниту една од тие појави не е случајност.

4. Често кажувате фрази од типот на „еволуциски правила и заповеди“

Еволуцијата не се води според закони, заповеди и команди. Изгревањето на сонцето, животниот век, карактеристичните однесувања на видовите, сето тоа е дел од она што се нарекува природен феномен. Ако мислите дека еволуцијата нешто дефинира и управува, тогаш сте меѓу оние кои не ја разбираат.

5. Мислите дека со еволуцијата организмите стануваат поголеми

Ова е честа забуна поради популарната илустрација на еволуцијата од мајмун во човек. Овој процес не значи дека единката во иднина ќе биде поголема или посилна, туку дека со текот на времето ќе се прилагодува на новите услови кои се создаваат во природата и околината. Прилагодувањето не значи и физички напредок.

6. Барате физички доказ за како видовите „се претвораат“ во други

Ова е апсурдно прашање и е знак за игнорирање на фактите. Еволуцијата не е магија која ќе ги претвори папагалите во кучиња, туку е бавно менување и прилагодување на анатомијата и физиологијата кај единки од ист вид. Процесот е толку бавен, што се потребни векови и векови за денешниот организам да има физички разлики од својот далечен претходник. Човечкиот животен век е премал период за тоа да биде евидентно.

7. Сметате дека еволуцијата не може да се набљудува и тестира

Секако, никој не може да се врати во ерата во која мајмунот се исправил и почнал да добива карактеристики на денешниот човек, но може да се најдат докази, да се спојат еден со друг и да се добие реална слика за тоа што се случувало. Слично како и разрешувањето на криминал – форензичарите не можат да сведочат, но затоа можат да изработат случај од сите докази кои ги имаат на располагање.

Погледнете го и овој интересен тест кој ја потврдува теоријата на еволуцијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар