7 работи што веројатно не знаевте дека можете да ги направите со вашиот јазик

Јазикот е орган што постојано го користите, но не му обрнувате многу внимание. Јазикот се користи за најосновните функции во животот на човекот, како јадење и зборување, но тој има многу повеќе функции отколку што мислите, односно постојат некои трикови што можеби не ги знаевте и што ќе ви го привлечат вниманието.

1. Јазикот никогаш не се заморува, за разлика од другите мускули

7 работи што веројатно не знаевте дека можете да ги направите со вашиот јазик

Дали забележавте дека и покрај фактот што вашиот јазик е мускул, тој никогаш не се заморува? Се разбира, тоа е така ако не страдате од каков било вид заболување. За разлика од мускулите на нозете или на рацете, што може да ве болат ако сте имале тешка физичка активност, вашиот јазик може да се справи со постојаното движење затоа што тој всушност е составен од 8 мускули, а токму затоа е и толку флексибилен. Можеби тоа е причината зошто никогаш не сте уморни од јадење.

2. Секој јазик е различен

7 работи што веројатно не знаевте дека можете да ги направите со вашиот јазик

Секој јазик е различен и уникатен. Исто како прстите, вашиот јазик има свој уникатен отпечаток, така што може да се користи како метод за идентификација. Но, тоа не е многу пријатно. Можете ли да замислите да го скенирате јазикот на аеродром, наместо да го користите палецот?

3. Можете ли да го свиткате јазикот?

7 работи што веројатно не знаевте дека можете да ги направите со вашиот јазик

Научниците сè уште се обидуваат да најдат логично објаснување за фактот што голем процент луѓе можат да го свиткаат својот јазик во форма на буквата „u“, додека помал процент не можат. Главниот аргумент е дека сето тоа се сведува на генетиката, но спроведени се истражувања во кои е откриено дека родителите не можеле да го сторат тоа, а нивните деца можеле. Други истражувања велат дека јазикот што го зборувате може да игра голема улога.

4. Јазикот не се заморува, но може да се здебели

7 работи што веројатно не знаевте дека можете да ги направите со вашиот јазик

Тоа што постојано го користите јазикот може да ве натера да мислите дека тој постојано вежба и е во форма, но, како и секој друг мускул, вашиот јазик може да се здебели ако вие се здебелите. Всушност, грчењето и проблемите со спиењето може да бидат поврзани со здебелениот јазик.

5. Невозможно е да ја почувствувате аромата само со вашиот јазик

7 работи што веројатно не знаевте дека можете да ги направите со вашиот јазик

Јазикот идентификува вкусови, но не и ароми. Обидете се да јадете бонбони, но покријте го носот. Вашиот јазик ќе открие дека тоа што го јадете е слатко, но нема да можете да откриете дали има вкус на чоколадо или на јагода бидејќи разликувањето ароми е дел од сетилото за мирис, а не за вкус. Ако немате бонбони во близина за да пробате, размислете за грдото чувство што го имате кога носот ви е затнат. Кога ви е блокирано чувството за мирис, ви се чини како храната што ја јадете воопшто да нема вкус.

6. Јазикот е делот од телото што заздравува најбрзо

7 работи што веројатно не знаевте дека можете да ги направите со вашиот јазик

Сигурно сте го гризнале јазикот многу пати, но по неколку минути обично заборавате дека тоа се случило. Благодарение на плунката и на ткивата што го сочинуваат јазикот, овој дел од човечкото тело заздравува најбрзо.

7. Бојата на вашиот јазик може да ви открие нешто за вашата здравствена состојба

7 работи што веројатно не знаевте дека можете да ги направите со вашиот јазик

Ако вашиот јазик има светлорозова боја, тоа значи дека сте веројатно здрави. Во спротивно, тоа може да значи дека треба да одите на лекар. Боите може да варираат меѓу различни нијанси и секоја означува некоја различна болест. Ако јазикот е многу црвен, може да имате што било, од мала инфекција до проблеми со срцето. Жолтата боја укажува на проблеми со желудникот или со црниот дроб, а белата боја може да укаже на дехидрираност.

Прочитајте зошто вашето бебе го плази својот јазик.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар