7 причини зошто би требале да чувате кокошка во вашиот двор

Пред неколку декади, скоро секое домаќинство со куќа и двориште имаше животни. Со текот на времето ја изгубивме оваа навика, најмногу затоа што обврските ни се зголемија, а свежата храна ни стана сè подостапна. Но, изгледа дека трендот се враќа, бидејќи многу семејства почнаа повторно да чуваат кокошки во својот двор. Во продолжение прочитајте зошто токму оваа одлука би можела целосно да ви го смени вашиот живот!

1. Свежи јајца и здраво месо

Во денешно време, кога сè е исполнето со ГМО, органската храна има неизмерна вредност.

2. Бесплатно органско ѓубриво

Можеби ова не е нешто со што би се пофалиле, но ако одгледувате овошје и цвеќиња, вашата бавча ќе ви биде благодарна за органското ѓубриво.

3. Кокошките ги заменуваат пестицидите

Само оставете ги кокошките слободно да се движат низ бавчата, и веќе нема да морате да ги прскате вашите плодови со пестициди бидејќи тие ќе ги елиминираат сите штетници.

4. Успешно ќе се ослободите од вишокот храна

Кокошките не бираат што јадат, тие едноставно прифаќаат сè. Па сè што ќе ви остане од ручекот, само фрлете им го на кокошките и тие со задоволство ќе се нагостат.

5. Го уништуваат плевелот

Кокошките се најдобрите сојузници на градинарите. Сè што треба да направите е да ги пуштите слободно да се шетаат во вашиот двор, и тие ќе го елиминираат плевелот.

6. Кокошките се еден вид терапија

Психолозите сметаат дека личностите со деменција и децата со аутизам имаат голема корист од контактот со кокошки. Нивното хранење и чување може да им делува многу терапевтски.

7. Евтини се за чување

Кокошките не се животни кои бараат многу грижа и внимание. Доволно е само да ги храните редовно и тие ќе бидат среќни, притоа обезбедувајќи во здрави јајца и месо, како и ѓубриво.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар