7 необични нешта што можете да ги направите со вашето тело по смртта

7 необични нешта што можете да ги направите со вашето тело по смртта

Мора да признаеме дека морбидно е да размислуваме за тоа што може да се случи со нашите тела по смртта, но сепак треба да прифатиме дека умирањето е неизбежен дел од животот. Во денешно време постојат многу работи што би можеле да ги направите со вашето тело по смртта. Некои од нив се бизарни, но други, пак, се инспиративни и значајни. Во продолжение прочитајте за што станува збор…

1. Можете да станете дијамант

7 необични нешта што можете да ги направите со вашето тело по смртта

Ова е можеби најпрактичната, но и најромантичната опција на листата работи што можете да ги направите со вашето тело по смртта. Компанијата Heart In Diamond може да ја претвори кремираната пепел во дијамантски прстен, синџирче или обетка. Кремираните дијаманти се прават на тој начин што се вади јаглеродот од остатоците. Потоа, јаглеродот неколку дена се изложува на огромен притисок и топлина во лабораторија сѐ додека не се претвори во вистински дијамант. Кога дијамантот ќе биде готов, може да се стави во прстен или друг вид накит и на тој начин да се зачува сеќавањето за саканата личност.

2. Можете да се претворите во огномет

7 необични нешта што можете да ги направите со вашето тело по смртта

Heaven Above Fireworks е компанија која буквално може да направи вашата пепел да заблеска на небото во форма на огномет. Сите ваши роднини и пријатели можат да присуствуваат кога ќе пука огнометот со вашата пепел. Компанијата соработува директно со семејството на починатиот со цел да создаде весел и значаен настан достоен за соодветно збогување со саканата личност.

3. Можете да се вратите во природата

7 необични нешта што можете да ги направите со вашето тело по смртта

Можете да го искористите вашето тело за да се соедините со природата откако ќе го напуштите светот на живите. Компанијата The Living Urn ќе ги искористи вашите остатоци на начин кој ќе биде здрав и корисен за околината. Станува збор за прекрасно направена урна во која кремираната пепел е измешана со неутрален агенс и семе за садење дрвја. Потоа, содржината на урната треба да се насади во земјата каде што би сакале да порасне дрвото. Семејството би можело да го насади во домашната градина или во омилениот парк на починатиот човек. Ова е како еден вид повторно раѓање и е одличен начин да се зачува сеќавањето за саканата личност.

4. Можете да ѝ го донирате телото на науката

7 необични нешта што можете да ги направите со вашето тело по смртта

Оваа опција постои со години и една од најдарежливите работи што можете да ги направите со вашето тело по смртта. На овој начин, вие ќе им дозволите на медицинските лица да спроведат најразлични испитувања кои ќе им помогнат при измислувањето нови процедури и лекови што би можеле да спасат милиони животи во иднина. Донираните тела честопати им служат на студентите по медицина и докторите да вежбаат и да учат за да можат да напредуваат во кариерата. Ова дефинитивно не е најгламурозното нешто што можете да го направите со вашето тело по смртта, но е многу корисно.

5. Можете да завршите под вода

7 необични нешта што можете да ги направите со вашето тело по смртта

Дали отсекогаш сте го обожавале океанот? Во тој случај, ова е вистинскиот избор за вас. Можеби сте чуле дека океанските гребени ширум светот се во голема опасност. Експертите кои работат на програмата по име Eternal Reef се обидуваат одново да ги изградат со помош на „гребенски топчиња“ кои ги ставаат на изумрените гребени со цел да ги обноват. Компанијата почнала да нуди таканаречени „Reef Ball Urns“ кои ќе бидат поставени на гребените и би им помогнале во процесот на регенерација. Урните содржат и посебен дел со името на кремираниот човек. Секоја урна е рачно обоена и различна од останатите.

6. Можете да се претворите во грамофонска плоча

7 необични нешта што можете да ги направите со вашето тело по смртта

Љубителите на музиката ќе ја обожаваат оваа опција, особено ако некој од членовите на семејството собира грамофонски плочи. Компанијата Andvinyly може да ја „отпечати“ вашата пепел на плочата. Луѓето можат дури и да си го снимат гласот на плочата за да се збогуваат со починатата личност или пак да ја снимат омилената песна по која засекогаш ќе остане запаметена. Можеби сето ова ви звучи малку морничаво, но мора да признаете дека станува збор за навистина оригинален начин да се зачува сеќавањето за саканата личност.

7. Можете да одите во вселената

7 необични нешта што можете да ги направите со вашето тело по смртта

Дали отсекогаш сте сакале да бидете астронаути и да патувате? Оваа компанија ќе ви дозволи да отпатувате до вселената по вашата смрт. Услугата се вика Earth Rise и им овозможува на членовите од семејството да ги испратат кремираните остатоци на саканите во вселената. Овие индивидуални летечки капсули кои ќе ја содржат пепелта, ќе одлетаат во вселената и потоа ќе се вратат назад за семејството да може да си ги земе. На овој начин ќе можете да си го исполните вашиот сон и да отидете во вселената!

Доколку сте расположени за уште вакви морничави информации, прочитајте за 9-те работи кои се случуваат по смртта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар