9 работи кои се случуваат по смртта

Автор: Маја Линкова

Дали постои задгробен живот? Ова е прашање со кое многу луѓе се борат, но одговорот нема да го дознаеме сè додека не исчезнеме од овој живот.

9-raboti-koi-se-sluchuvaat-po-smrtta-kafepauza.mk

Или дали воопшто ќе исчезнеме? Има многу случаи во коишто луѓето тврдат дека починале и го виделе задгробниот живот, а потоа биле вратени во живот. Нивните приказни навистина се фасцинантни, дури и утешителни, а и помалку застрашувачки. Најинтересниот дел е исто така најморничавиот – многу од овие непознати луѓе делат слични искуства додека биле „мртви“.

Ова се работите кои тие ги виделе, чуле и почувствувале:

1. Светлината

Поголемиот дел од луѓето кои починале, изјавиле дека ја виделе познатата „светлина на крајот од тунелот“. Тоа е најчестата појава која ја имаат луѓето кога се технички мртви.

2. Можеле да го видат своето тело

Многу луѓе го имаат ова „искуство надвор од телото“ и го гледале своето безживотно тело над нив кога тие биле технички мртви. Тоа значи дека тие биле во бестелесен дух кој лебдел над нивното тело. Тие можеле да видат сè што се случува во собата и кој има во неа. Секој обид да се обнови врската помеѓу свеста и физичкото тело нема да успее, оставајќи ја личноста надвор од себе на неколку моменти.

3. Ангели чувари

Многу луѓе тврдат дека виделе најмалку еден ангел или дух кој ги гледа и се грижи за нив за време на краткото застанување во „смртната бездна“. Некои велат дека духот им помогнал низ задгробниот живот, пред да бидат вратени назад во нивното тело.

4. Посета од мајка си

Многу луѓе кажуваат дека ги посетила нивната мајка преку визија, додека тие биле на нивната смртна постела.

5. Гледале починати роднини

Ако имате големо семејство, подгответе се да ги видите во задгробниот живот. Многумина кои починале и се вратиле повторно назад во живот, велат дека ги виделе своите починати роднини додека застанувале во задгробниот живот.

6. Животот им поминувал пред очи

Подгответе се одново да ги преживеете вашите најдобри и најлоши моменти. Многу луѓе си го гледаат животот пред очи во моментот пред да настапи смртта или дури и откако ќе преминат на другата страна. Ќе ги видат нивните достигнувања и нивните спомени им се појавуваат пред очите, како слајдшоу од својот живот.

7. Можеле да ги видат и чујат сите

Многу луѓе раскажуваат дека можеле да ги видат луѓето кои биле со нив во собата и се труделе да контактираат со нив, но не можеле да им одговорат бидејќи нивното тело било безживотно, а нивниот дух/свест останувал буден. Секој обид да се стапи во контакт со луѓето околу нив бил залуден.

8. Мир

Мнозинството починати кои повторно оживеале, рекле дека почувствувале чувство на мир и спокој. Тоа било толку моќно и убаво чувство што душата/свеста не знаела како да го разбере тоа смирувачко искуство.

9. Не сакале да се вратат

Според бројни извештаи, смртното искуство е толку смирувачко и спокојно, така што многу луѓе кои го искусиле не сакале да се вратат во будниот живот. Замислете како чувствувате нешто толку добро, така што не сакате да се вратите назад во животот со кој сте се бореле многу напорно за да го одржите.

Во текот на овој живот, може никогаш нема да дознаеме што се случува кога умираме. Можеби ќе има светлина и многу луѓе кои ги сакаме… или можеби само ќе се чувствуваме среќни, сакани и топли. Но, една работа е сигурна. Ако една личност почине и почувствува како да била во рајот, за потоа да биде истерана и вратена назад, по тоа сигурно ќе се чувствува како во пекол.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар