7 начини на кои мирисот влијае на нашиот ум

7 начини на кои мирисот влијае на нашиот ум

Рецепторот за мирис е протеин со способност да врзува мирисни молекули кои имаат главна улога во чувството за мирис. Додека зајакот има 100 милиони од овие рецептори, а кучето 220 милиони, ние луѓето имаме само 5 или 6 милиони рецептори. Но и ова е сосемa доволно за мирисот да има големо влијание врз нашите животи. Погледнете на кој начин мирисот влијае на нашиот ум.

1. Го засилува вкусот

7 начини на кои мирисот влијае на нашиот ум

Чувството за вкус ни кажува дали храната е солена, горчлива, кисела или слатка. Но носот е оној кој знае дали храната е вкусна или не. Тој ја мириса храната додека ја јадеме и му испраќа порака на мозокот, кој пак ја комбинира со рецепторите за вкус и го засилува искуството.

2. Прави да се чувствувате привлечно

7 начини на кои мирисот влијае на нашиот ум

Постојано купуваме парфеми за да бидеме попривлечни. Но не е мирисот оној кој ги привлекува другите луѓе. Едно истражување покажало дека користењето парфем ни ја зголемува самодовербата, а токму тоа прави да изгледаме неверојатно.

3. Ви дозволува да патувате низ времето

7 начини на кои мирисот влијае на нашиот ум

Мирисот активира сеќавања и емоции поврзани со разни настани. Тој може да направи да се почувствувате како навистина да сте „назад во времето“. Постојат дури и неколку научни истражувања кои демонстрираат дека мирисот активира поинтензивни сеќавања и слики. За само неколку месеци губиме околу 50% од визуелната меморија. Но сеќавањата од мирисите ќе бидат со нас дури и по една година.

4. Влијае на вашето расположение

7 начини на кои мирисот влијае на нашиот ум

Како сеќавања, мирисот може да активира и емоции и расположенија. Ова се случува на потсвесно ниво. Понекогаш не можете да сфатите што ве направило гневни или анксиозни, а токму на ова е заснована ароматерапијата. Постојат ароми кои нè релаксираат и кои нè прават среќни.

5. Може да ве полуди

7 начини на кои мирисот влијае на нашиот ум

Луѓето кои не можат да мирисаат или кои имаат намалена способност за мирисање имаат поголем ризик да бидат депресивни. Ова е поради силната врска помеѓу мирисите и емоциите. Неспособноста да искусите разни ароми ја ограничува способноста за враќање сеќавања и чувства. Недостатокот на сетило за мирис исто така е поврзано и со шизофренија.

6. Може да ве направи видовити

7-nachini-na-koi-mirisot-vlijae-na-nashiot-um

Можеме да почувствуваме страв, радост, желба и други емоции само од мирисот на некој друг. Причината за ова е тоа што човечките солзи и пот содржат хемосигнали. Секој хемосигнгал активира одреден дел од нашиот мозок. Па, ако личноста до вас е исплашена, неговата пот ќе ви каже дека се чувствува така, па делот за „страв“ во мозокот ќе стане изложен на тоа.

7. Може да ве натера да купите нешто

7 начини на кои мирисот влијае на нашиот ум

Продавачите го нарекуваат ова „мирисање на опкружувањето“. Со други зборови, ова е перење на мозокот преку носот. Некои брендови на автомобили додаваат „мирис на нов автомобил“ во возилата за да ве натераат да ги купите. Некои продавници ставаат парфем на нивниот влез, па убавата арома ве тера да влезете и да купите нешто. Кафетериите и пекарите намерно го „пуштаат“ нивниот мирис до нас. Тие едноставно знаат кој мирис ќе го убеди нашиот мозок дека сакаме да купиме од нивните производи.

Прочитајте и која храна ќе направи вашето тело да мириса одлично.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар