7 интересни факти кои сигурно не ги знаевте за сладоледот

7 интересни факти кои сигурно не ги знаевте за сладоледот

Автор: Маја Линкова

Со каква лажичка дегустаторите го пробуваат сладоледот, каде е запишан првиот рецепт за ледениот десерт, кога е измислен корнетот и други „луди“ факти…

1-7-interesni-fakti-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-za-sladoledot-kafepauza.mk

Уживањето во сладоледот е навистина празник за сите сетила. Меѓутоа, ако мислевте дека знаете сè за сладоледот, сте се излажале.

Еве неколку неверојатни факти за омилениот леден десерт.

1. Корнетот е направен во 1904 година и бил претставен на Светскиот саем во Сент Луис. Кога во продавницата се потрошиле хартиените садови, трговецот Аду Думар предложил да го послужат десертот во превиткани вафли, кои се продавале на штандот во близина.

2. Првиот познат рецепт за сладолед е запишан во книгата со рецепти на леди Ен Франшо во 1665 година. Сладоледот имал вкус на цвет од портокалот, цвет од морско оревче и амбра – специјална материја која ја излачуваат китовите од спермата.

3. Сладоледот од чоколадо е направен пред сладоледот од ванила, а за првпат е забележан во книгата „Lo scalco alla moderna“, која била објавена во Италија во 1692 година.

4. Сладоледот од ванила денес е еден од највообичаените вкусови, но, порано бил многу редок и егзотичен. Производството на ванила е усовршенo некаде во средината на 19 век.

5. Професионалните фотографи кои фотографираат храна, често користат разни варијанти на пире од компир за да го прикажат убаво сладоледот.

6. Силната изненадувачка главоболка која може да се појави додека јадеме сладолед, настанува поради брзото ладење на нервните завршетоци на непцето, кои му сигнализираат на мозокот дека дел од телото губи топлина.

7. Професионалните дегустатори на сладолед, го пробуваат овој десерт со специјална златна лажичка која им овозможува да го осетат вистинскиот вкус.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар