7 факти кои треба да ги знаете за Камала Харис

7 факти кои треба да ги знаете за Камала Харис

Сите светски медиуми се преокупирани со Америка во последните денови. Покрај тоа што демократот Бајден беше избран за 46-ти американски претседател по поразот на републиканецот Доналд Трамп, една дама е во поголем фокус од обајцата.

Станува збор за Камали Харис која стана првата жена, афро-американка и прва личност со азиско потекло избрана за потпретседател на Америка.

Еве ги најважните факти што треба да ги знаете за Камала Харис.

7 факти кои треба да ги знаете за Камала Харис

1. Таа е дете на имигранти

Камала Харис е родена во Калифорнија од мајка Индијка, научник посветен на истражувања за рак и татко кој е економски експерт од Јамајка. Нејзините родители се разделиле кога таа имала 7 години и оттогаш таа и нејзината сестра пораснале со својата мајка. Пред да се запише на студии по политички науки, Камала помина извесно време во Канада, по што семејството се врати во Калифорнија.

2. Таа веќе беше во трка за претседател

На почетокот на 2019 година, таа ја објави својата кандидатура на претседателските избори во 2020 година на страната на демократите. Иако првично беше фаворит во однос на другите кандидати, меѓу кои беше и Бајден, на крајот на истата 2019 година ја повлече својата кандидатура поради недостаток на поширока поддршка што ја покажаа анкетите. Иако во кампањата за номинирање имаше неколку вербални судири со Бајден, тој сепак ја номинираше за свој потпретседател.

3. Ги смета климатските промени за приоритет

Камала Харис веќе јавно ја изрази својата загриженост за планетата Земја за време на јавната дебата на Демократите во јуни 2019 година, потпирајќи се на идејата дека климатската криза е сериозна закана за сите видови, вклучувајќи ги и луѓето.

4. Таа помина две децении како јавен обвинител

Пред да се приклучи на Сенатот, таа служеше како јавен обвинител во Сан Франциско цели седум години, по што се кандидираше за јавен обвинител, лице одговорно за контрола на судството во Калифорнија. Таа ја презеде оваа позиција во 2011 година и со тоа стана првата жена на таа позиција и прва жена со афроамерикански и индиски корени.

7 факти кои треба да ги знаете за Камала Харис

5. Борец за правата на ЛГБТК заедницата

Камала Харис е многу гласен борец за еднакви права на сите парови во брачнта заедница. Кога беше избрана за државен обвинител во Сан Франциско во 2004 година, таа формираше криминална единица во рамките на своите активности за полесно бранење на правата на ЛГБТК заедницата. Таа исто така одби да го брани предлогот за гласање познат како „Предлог 8“ кој го дефинираше бракот исклучиво помеѓу маж и жена.

6. Се спротивставува на изградбата на ѕид помеѓу САД и Мексико

Таа е многу јасна кога станува збор за ова политичко прашање во рамките на Соединетите држави. На ТВ-каналот АБЦ, сподели дека се специјализирала во областа на транснационалните организации и дека тој ѕид нема да ги спречи. Нејзината работа како јавен обвинител во Сан Франциско вклучуваше поставување програми за вработување на поранешни осудени лица, вклучувајќи имигранти без документи.

7. Таа ќе се бори за правата на жените

Во своите јавни настапи и дебати, Камала Харис постојано зборува за правата на жените да избираат. За време на нејзината претседателска кандидатура во 2019 година, таа претстави програма за заштита на правото на абортус и е решена да го брани правото на слобода на избор.

Прочитајте ги овие 20 моќни пораки на Лујза Хеј.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар