6 силни жени кои одбиле да ја прифатат нивната судбина и успеале да станат среќни

4. Жена која работи на 9 места за да се грижи за постарите лица

6 силни жени кои одбиле да ја прифатат нивната судбина и успеале да станат среќни

Сара Мур одлучила да се откаже од нејзиниот градски живот и да се пресели на мал шкотски остров каде што претежно живеат постари лица кои не можат да работат многу. Сара е доволно храбра за да прави најтешките работи на островот. Таа се грижи за старите лица, го контролира воздушниот сообраќај, работи како пожарникарка, како сточар и како службеничка истовремено. Таа исто така ја разнесува локалната пошта, се грижи за испораките на аеродром, управува со багер на земјиштата и ги води турите околу единствениот светилник на островот.

6 силни жени кои одбиле да ја прифатат нивната судбина и успеале да станат среќни

Таа вели дека не се кае поради нејзината одлука и дека не ѝ недостасува стариот живот. Таа нашла нови пријатели и не се чувствува осамено. Локалните жители ја обожуваат и се восхитуваат на нејзината добрина. И покрај секојдневната напорна работа и недостаток од забава, таа изгледа како најсреќниот човек во светот.

5. Жена која преживеала напад од ајкула, изгубила рака и сепак успеала да стане ппозната сурферка

6 силни жени кои одбиле да ја прифатат нивната судбина и успеале да станат среќни

Кога имала 13 години, Бетани Хамилтон едвај успеала да си го спаси животот по опасниот напад од змијозаба ајкула. Овој трагичен начин ја оставил без една рака. Не само што храбрата девојка заздравела, туку и успеала да го надмине стравот и да продолжи со сурфање.

6 силни жени кои одбиле да ја прифатат нивната судбина и успеале да станат среќни

Бетани е среќна мајка, сопруга и светски позната професионална сурферка. Таа станала национален шампион и го освоила второто место на Светското јуниорско првенство. Нејзината приказна била раскажана во книга и на филм, и двете со наслов „Сурферка во душа“ (Soul Surfer).

6. Бездомничка и поранешна членка на банда дипломирала на Харвард

6 силни жени кои одбиле да ја прифатат нивната судбина и успеале да станат среќни

Кога била дете, Лиз Мјуреј поминала низ големи потешкотии. Нејзините родители биле безнадежни зависници од дрога, таа била малтретирана на училиште и на крајот се откажала. Кога била тинејџерка, станала дел од една банда. На 15 години, откако мајка ѝ умрела и нејзиното семејство се преселило во засолниште за бездомници, Лиз останала сама на улица и спиела по клупи.

Никој не очекувал дека ваквата приказна ќе има среќен крај, но Лиз успеала да си го среди животот. Таа станала одличен ученик во нејзиното училиште и дипломирала на Универзитетот Харвард. Продолжила да се грижи за болниот татко, кој ѝ ја пренел љубовта кон литературата.

6 силни жени кои одбиле да ја прифатат нивната судбина и успеале да станат среќни

Лиз е извонредна писателка и мотивациски говорник. Таа разговара со тинејџерите и возрасните и ги подучува луѓето да веруваат во себе, да ја користат секоја шанса што им се пружа без оглед на околностите и да ги надминат сите пречки што им стојат на патот до среќата.

Прочитајте ги и следниве неверојатни вистински приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предавате.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар