6 силни жени кои одбиле да ја прифатат нивната судбина и успеале да станат среќни

6 силни жени кои одбиле да ја прифатат нивната судбина и успеале да станат среќни

Честопати се верува дека жените се нежни и слаби. Меѓутоа, кога станува збор за справување со проблеми и минување низ потешкотии, повеќето жени покажуваат неверојатна сила и упорност. Овие неколку жени продолжиле да се борат за нивната среќа, дури и тогаш кога им било најтешко. Прочитајте ги нивните инспиративни приказни кои ќе ве поттикнат да се борите за својата среќа…

1. Девојката која поминала низ 18 операции сега работи во болница

6 силни жени кои одбиле да ја прифатат нивната судбина и успеале да станат среќни

Коди Хол е девојка од Велика Британија која била родена со сериозен деформитет на лицето. Докторите им кажале на нејзините родители дека не можат ништо да сторат, па целото семејство се обидело да собере пари за нејзината прва терапија во САД. Коди имала само 1 година кога подлегнала на првата операција.

6 силни жени кои одбиле да ја прифатат нивната судбина и успеале да станат среќни

Во наредните 14 години, Хол направила 18 операции. И покрај сите потешкотии, таа живеела нормално и постигнала одличен успех на училиште. На малото девојче му било тешко да се справи со сите нејзини соученици, но Коди никогаш не им дозволила да ѝ се смеат или да ја сожалуваат.

6 силни жени кои одбиле да ја прифатат нивната судбина и успеале да станат среќни

Коди моментално работи во болница, во одделот за хирургија и се омажила за нејзиното момче од средно училиште. Таа го изјавила следново: „Сакам само да им покажам на луѓето дека постојат среќни краеви“.

2. Активистка за човечки права им овозможила на девојчињата во исламските земји да продолжат со нивното образование

6 силни жени кои одбиле да ја прифатат нивната судбина и успеале да станат среќни

Малала Јусафзаи е вистинска хероина и неверојатен пример за сите девојчиња. Таа станала позната откако го почнала нејзиниот блог за Би-Би-Си посветен на животот во талибански режим, кој им забранувал на девојчињата од Пакистан да одат на училиште.

Девојчето се соочило со неколку смртни закани во Пакистан. Таа дури и преживеала обид за атентат и медицински предизвикана кома.

6 силни жени кои одбиле да ја прифатат нивната судбина и успеале да станат среќни

Нејзината храброст и бестрашна душа им помогнала на многумина да ги постигнат своите цели. Сега таа има 20 години и е најмладиот добитник на Нобелова награда. Таа студира на Оксфорд и сѐ уште им помага на девојчињата ширум светот да го продолжат своето образование. Таа отворила училиште за девојчињата бегалки од Сирија и напишала книга со наслов „Јас сум Малала“ (I Am Malala).

3. Првата жена со Даунов синдром која учествувала во избор за убавина во Минесота, САД

6 силни жени кои одбиле да ја прифатат нивната судбина и успеале да станат среќни

Микајла Холмгрен е првата жена со Даунов синдром која се натпреварувала во изборот за Мис на Минесота и ја добила наградата за најубав дух. Во нејзиниот говор, таа кажала дека сакала да покаже една поинаква страна на Дауновиот синдром.

6 силни жени кои одбиле да ја прифатат нивната судбина и успеале да станат среќни

Микајла обожава танцување и гимнастика и учествува во многу хуманитарни акции. Луѓето велат дека нејзината насмевка, ентузијазам, искреност и упорност се заразни. Ова е уште инспиративен пример на човек со пречки во развојот кој продолжил да се бори во животот и да напредува. Микајла смета дека девојчињата како неа можат да учествуваат во истите избори за убавина и таленти како и сите останати.

Продолжете на следната страница за останатите инспиративни приказни…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар