6 моќни градови за кои некогаш се патувало со години

6 моќни градови за кои некогаш се патувало со години

Од самиот почеток на цивилизацијата, луѓето имале желба да патуваат, но порано немало модерни начини на транспорт, а патниците користеле далеку побавни начини. Патот на свилата бил еден од најфреквентните коридори помеѓу Азија и Европа и Северна Африка, со цел размена на стоки помеѓу овие оддалечени делови на светот. Биле потребни дури 2 години за патниците да стигнат од Кина до Европа. Иако трасата е позната уште од византиско време, името првпат се појавило во 19-тиот век. Патот се користел за повеќе намени, а по должината на трасата има многу дестинации за кои вреди да се застане.

1.Истанбул

6 моќни градови за кои некогаш се патувало со години

Истанбул е град каде што Истокот се среќава со Западот, каде што храната добива сосема нови вкусови и град во кој можете да почувствувате доза на мир, и покрај фактот што има речиси 16.000.000 жители. Замислете ги богатството и архитектурата што ги гледале патниците кои со месеци патувале од Кина на Запад: Аја Софија, Сината џамија, зачини, егзотични животни, ткаенина. Ако одите во Истанбул, не заборавајте да ја посетите и азиската страна на градот.

2. Алеп

6 моќни градови за кои некогаш се патувало со години

Пред граѓанската војна, многумина го сметаа Алеп за еден од најубавите градови во светот, што може да се пофали со прекрасна тврдина во центарот на градот. Алеп, заедно со Дамаск и Сана, е најстариот населен град во светот.

3. Техеран

6 моќни градови за кои некогаш се патувало со години

Техеран е најголемиот град во Иран и воедно главен град на оваа земја. Техеран е 25-тиот најнаселен град во светот, опкружен со планински области на север и пустински области на југ. Северот е свеж и сув, а на југ е топло и суво. Структурата на градот е мешавина на традиција и модерност, а самиот Техеран е стар автентичен град што порано бил наречен „град Реј“. Градот Реј сега се наоѓа во јужен Техеран. Градот изобилува со стари споменици, прекрасни џамии, паркови и модерни згради.

4. Бишкек

6 моќни градови за кои некогаш се патувало со години

Бишкек е главен град на Киргистан, сместен во долината Чуј на северот на земјата. Ова е еден од помалку популарните туристички градови, но неоправдано. Бишкек им нуди на посетителите неколку природни и културни атракции, како и популарни велосипедски патеки.

5. Ксиан

6 моќни градови за кои некогаш се патувало со години

Од 80-тите години на минатиот век, Ксиан стана културен, индустриски и образовен центар на целиот централен северозападен регион, со многу објекти за истражување и развој, национална безбедност и истражување на вселената. Поради многуте историски споменици во градот и мноштвото антички урнатини и гробници во близина, туризмот е важна компонента на локалната економија уште од античко време, а регионот Ксиан е една од најпопуларните туристички дестинации во Кина. Градот е опкружен со добро сочуван градски ѕид, кој бил реконструиран во 14-тиот век за време на раната династија Минг, а популарните туристички атракции ги вклучуваат Големата џамија и Историскиот музеј „Шанкси“.

6. Тбилиси

6 моќни градови за кои некогаш се патувало со години

Главниот град на Грузија е мултикултурен модерен град, па иако сè уште е релативно непознат, веројатно ќе стане популарна дестинација во следните години. Овој град е спој на архитектурата на разни култури, па можете да го замислите како многу интересен и привлечен. Во градежништвото е видливо влијанието на Европа, на Персија и на арапскиот свет.

Погледнете ги овие места што им пркосат на законите на физиката и на здравиот разум.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар