6 интересни факти за Нобеловата награда што можеби ги немате слушнато

Нобеловата награда се доделува еднаш годишно е и една од највредните награди во светот. Основана е во 1895-та година од страна на шведскиот научник Алфред Нобел и прв пат била доделена во 1901-ва година. Наградата се доделува изминативе 117 години, а секоја година има над 200 номинирани. Погледнете некои интересни факти што можеби не сте ги знаеле за оваа престижна награда.

6 интересни факти за Нобеловата награда што можеби ги немате слушнато

1. Како се добива Нобелова награда?

Колку и да сакате, не можете самите да се номинирате за наградата – некој друг мора да го направи тоа за вас. А ако сте номинирани, најверојатно нема ни да знаете освен ако не победите. Имињата на номинираните кандидати се чуваат во тајност 50 години со цел да се спречи лобирање во име на кандидатите.

2. Наградата за економија всушност не е Нобелова

Во тестаментот на Алфред е утврдено доделување на наградата во пет категории – физика, хемија, медицина, мир и книжевност. Но, во 1969-та година била доделена и шеста награда. Поради 300-тата година од постоењето, Централната банка во Шведска почнала да финансира и нова награда, односно за достигнувања и истражувања во областа на економијата.

3. Махатма Ганди никогаш не добил Нобелова награда

Почнувајќи од 1937-ма година, Ганди бил номиниран 5 пати за наградата. Последната номинација пристигнала само неколку недели пред неговиот атентат во 1948-ма година. Во тој момент жирито никогаш не доделило постхумна награда иако било дозволено во одредени околности. Но, комисијата утврдила дека Ганди зад себе не оставил никаков наследник или организација што ќе ја прифати наградата. Наместо тоа решиле воопшто да не доделуваат награда за мир изјавувајќи дека не постои жив кандидат достоен за наградата.

4. За семејството Кири Нобеловата награда станала традиција

Марија Кири станала првата жена која ја добила Нобеловата награда, заедно со нејзиниот сопруг Пјер. Осум години подоцна добила уште една награда, овој пат самостојно, во областа на хемијата. Ирена Кири, ќерката на Марија и Пјер, добила Нобелова награда којашто ја поделила со нејзиниот сопруг. Тоа се 5 награди за само две генерации. Во 1965-та година и зетот на Марија и Пјер, Хенри Лебоуси, бил извршен директор на УНИЦЕФ кога организацијата добила Нобелова награда за мир.

5. Првата жена на Ајнштајн добила пари од неговата Нобелова награда

Бракот на Ајнштајн и неговата прва сопруга Милева уште од почетокот бил нестабилен. Милева која била надежен научник ги напуштила студиите по венчавката во 1903-та година и набрзо целосно се посветила на нивните синови. Во 1914-та година Ајнштајн го напуштил неговото семејство и се преселил во Берлин додека Милева и децата останале во Швајцарија. Две години претходно тој започнал врска со неговата роднина Елза и наскоро побарал развод од Милева. Ајнштајн, кој не се сомневал во неговите способности, изјавил дека парите од која било Нобелова награда ќе им ги даде на синовите, а Милева ќе има право да располага со нив. Па, кога Ајнштајн ја добил наградата за физика во 1922-ра година, сите пари ѝ биле дадени на Милева.

6. Неколку луѓе ја одбиле наградата

Ретко е, но се случувало и ова. Францускиот филозоф и писател Жан Пол Сартр ја добил наградата за книжевност во 1964-та година, но ја одбил. Во 1973-та година комунистичкиот виетнамски водич Ле Дук То добил награда за мир, но ја одбил изјавувајќи дека вистинскиот мир уште не е постигнат. Кога рускиот романописец Борис Пастернак добил награда за книжевност во 1958-ма година, тој со радост и задоволство ја прифатил. Но, Советскиот сојуз успешно го спречил објавувањето на неговите дела и го присилиле да ја одбие наградата.

Дознајте нешто повеќе за тоа како се освојува Нобелова награда.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар