5 спокојни летни дестинации од кои ќе се вратите како комплетно нова личност

5 спокојни летни дестинации од кои ќе се вратите како комплетно нова личност

Понекогаш, животот станува премногу стресен, а патувањата се совршениот избор за привремено бегство од реалноста. Грижата за себеси е од неверојатно значење за секој од нас. Понекогаш, навистина ни е потребно да се оттргнеме од секојдневните обврски, целосно да се релаксираме и да ја обновиме нашата енергија. На некоја од овие неверојатно релаксирачки дестинации ширум светот, ќе можете да ги оставите вашите грижи на страна, да поминете време со луѓето што ви значат, да искусите нови работи, да започнете некое ново хоби или едноставно да одморите.

5 спокојни летни дестинации од кои ќе се вратите како комплетно нова личност

Нема ништо погрешно во тоа, да си овозможите фантастичен одмор, после кој ќе се чувствувате подобро од кога било. Мирот и возбудата што ќе ви ги овозможат овие места, ќе придонесат да започнете да живеете во сегашноста и да уживате во секој момент од неа. Кога ќе си дадете време за одмор, конечно ќе можете да ја довршите книгата што ви се допаѓа, да појдете на спа-третман, да посетите часови по јога или едноставно, конечно убаво да се наспиете.

1. Тулум, Мексико

Тулум има многу нешта во својата понуда. Овој модерен туристички град, стана екстремно популарна дестинација во последниве неколку години, а причината за тоа е очигледна. Тука можете да спиете во бунгалов покрај плажа и да ги поминувате деновите лежејќи на песочната плажа. Како алтернативна опција, можете да изнајмите велосипед и да се возите околу градот. Можете да ги видите античките Мајански урнатини или да посетите сеноти, што во суштина претставува дупка, исполнета со вода и окружена со карпи.

5 спокојни летни дестинации од кои ќе се вратите како комплетно нова личност

Исто така, можете да ja посетите и неверојатнaта колиба „Sweet lodge“ во велнес центарот Maya Tulum, каде што локалните исцелители ќе ви направат тотално „чистење“ на вашето тело и душа, преку разни локални церемонии. Овој незаборавен ритуал, вклучува разни придобивки за телото и умот, кој ќе ви овозможи внатрешен мир, хармонија, намалување на стресот и детоксикација на телото, преку серија од водечки медитации, пеење и античка музика.

2. Пуерто Виехо, Костарика

Пуерто Виехо е лежерен град на плажа, лоциран на карипското крајбрежје во Костарика. Ова место, навистина го отсликува животниот стил „Pura Vida“ по којшто Костарика е прочуена, а во превод значи едноставен, бистар живот. Ова место е најдобриот избор за летен одмор, за сите оние коишто сакаат да ги „наполнат батериите“ и да се препуштат на врвна релаксација на телото и умот. Тука има повеќе плажи на коишто можете да се одморите и да пливате. Доколку сте авантуристички тип на личност, можете и да се запишете на часови по сурфање на даска.

5 спокојни летни дестинации од кои ќе се вратите како комплетно нова личност

3. Седона, Аризона

Големиот кањон, е првото нешто што на повеќето луѓе им паѓа на ум кога ќе се спомне Ариозна, но Седона, е дестинација којашто не смеете да ја пропуштите, ако сте таму. Природните пејзажи во Седона се толку извонредни, што дури изгледаат нереално. Ќе останете без зборови, кога ќе се возите покрај живописните патишта, окружени со прочуените црвени карпи. Откако ќе ја посведочите фасцинантната природна убавина околу вас, можете да се почестите и со спа-третман. Во Седона, постојат многи спиритуални велнес центри, кои ќе ви овозможат да го забавите темпото и целосно да се релаксирате.

5 спокојни летни дестинации од кои ќе се вратите како комплетно нова личност

4. Бали, Индонезија

Може да се каже дека Бали е една од најчесто фотографираните светски дестинации за на Инстаграм, но ова е и совршено место за тотална релаксација. Тука можете да изнајмите прекрасна куќичка, којашто е затскриена во џунглата. Таму ќе ве разбудат звуците на природата, а оттаму ќе имате поглед кон раскошните оризови полиња. Сите оние коишто посакуваат да го подмладат нивното тело, ум и душа можат да посетат некоја од фантастичните јога – центри, коишто ги нуди ова место. Бали навистина има сè што отсекогаш сте посакувале и ви е потребно.

5. Бора Бора, Тахити

Бора Бора е француски полинезиски остров на Тахити и дефинитивно може да се нарече „Рајот на Земјата“. Ова е идеална дестинација, за секој оној што сака вистински да се одмори од секојдневните обврски и да ужива во животот. Тука, можете да спиете во бунгалов над вода, каде што ќе бидете окружени само со тиркизно сината вода и океанскиот животински свет. Деновите можете да ги започнувате читајќи книга покрај океанот, а да ги завршувате гледајќи во неверојатното зајдисонце. Бора Бора е дестинација од соништата, за сите оние на коишто им е потребно сериозно опуштање и уживање.

На секој од нас, одвреме-навреме му е потребно да направи нешто добро за себе и да ја обнови својата конекција со „внатрешното јас“. Ако посетите некоја од овие 5 дестинации, бидете сигурни дека ќе се вратите дома, како комплетно нова личност.

Може да ве интересираат и овие 10 идеи за летен одмор покрај најубавите европски езера.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар