5 причини поради кои би требало да го избришете вашиот Фејсбук профил

Социјалните мрежи зафаќаат значаен дел од нашите животи и често она што го објавуваме онлајн има сериозни последици врз нашиот вистински живот. Иако досега можеби не сте размислувале на темава, ова се 5 причини поради кои вашиот профил на Фејсбук треба да биде барем на пауза, ако не и целосно избришан.

Delete your Facebook Account

1. Заради Фејсбук често си помислувате дека животот не ви е убав

Сите поставуваат убави, среќни фотографии кои претставуваат искривена реалност. Во животот на никој не му е постојано убаво, меѓутоа, во моментите кога ќе ги видите таквите фотографии, не размислувате рационално, туку имате чувство дека ете, сите лудо се забавуваат освен вас, кои дремете на Фејсбук.

2. Мајка ви ве учела да не зборувате со непознати

На Фејсбук во денешно време опасноста од воспоставување контакт со непознат е всушност многу голема. Ако некој ве вознемирува, треба да се ослободите од него, но ако не најдете друг начин, бришењето на профилот со сигурност ќе му ја скрати можноста и понатаму да ве демне.

3. Додека сте на работа, премногу време поминувате на Фејсбук

Не за џабе во многу фирми е забранет пристапот токму до оваа социјална мрежа. Но, ако ова не е случај на вашето работно место, ограничете си го пристапот самите, бидејќи во спротивно, вашиот претпоставен може да ја набљудува вашата активност и да забележи дека премногу време поминувате „висејќи“ на Фејсбук. Ова пак може да ве чини губење на работата.

4. Ни најдобрите пријатели веќе не ви ги лајкуваат вашите објави и статуси

Очигледно сте им здосадиле на сите, па затоа нема поента да продолжите да објавувате што било, кога и онака нема на кој да му се допаѓа.

5. Откривате премногу информации

Социјалните мрежи умешно нè навлекуваат и нè тераат да споделуваме што повеќе за нашите ставови, идеи и за нас самите. Приватниот живот не напразно се вика приватен – не е за на Интернет, па ако не можете да одолеете на искушенијата, најдобро е да си ги скратите маките и да не се компромитирате себеси.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар