5 нешта во домот кои носат несреќа и 5 кои носат среќа

5 нешта во домот кои носат несреќа и 5 кои носат среќа

Имате чувство дека постојано ве следи несреќа во животот? Можеби постои решение за тоа. Добро разгледајте го просторот во кој живеете. Токму тука се крие решението на вашите неволји.

5 предмети во домот кои носат среќа

Според многу верувања овие нешта носат несреќа и негативна енергија:

1. Огледало свртено кон креветот

Се верува дека огледалото свртено кон креветот може да предизвика проблеми во љубовната врска бидејќи праќа негативна енергија во инаку добриот и здрав брак или врска.

2. Црна врата

Бојата на влезната врата е најдобро да се одреди според страната на светот кон која е свртена. Вратата може да биде црна само ако таа гледа кон север.

3. Растенија со боцки

Острите и шилести предмети исто така носат несреќа. Ако сакате вашиот дом да привлекува позитивна енергија, избегнувајте растенија со боцки.

4. Календар на погрешно место

Календарот поставен близу до влезната врата на домот е потсетник за минливоста на животот и се верува дека влијае на траењето на животниот век на станарот.

5. Слики со бродолом

Сликите или фотографиите со бродолом претставуваат немир и можат да влијаат врз однесувањето и енергијата на станарот.

За овие нешта, пак, се мисли дека носат среќа и позитивна енергија:

1. Свежо цвеќе

Доколку ставите цвеќе на некое видливо место во вашиот дом, среќата нема да ве заобиколи, но избегнувајте кактуси.

2. Обоена врата

Доколку влезната врата гледа кон јужната страна обојте ја во црвена или портокалова боја. Вратата која гледа кон север треба да биде сина или црна. Запад заслужува сива или бела боја, а онаа врата која гледа кон исток треба да има кафеава или зелена боја.

3. Распоред на мебелот

Кружно поставениот мебел помага во протокот на енергијата. Креветот кој е свртен дијагонално пред вратата во спалната соба ќе го исполни домот со позитивна енергија.

4. Потковица

Некои култури веруваат дека коњската потковица над вратата носи среќа. Потковицата свртена нагоре осигурува среќни моменти. Потковицата свртена надолу го усреќува секој кој поминува низ вратата.

5. Ловец на соништа

Ловецот на соништа се поставува во спалната соба и се претпоставува дека ги штити станарите од кошмари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар