Ловец на соништа

Автор: Цветанка

Домородните Американци верувале дека ноќниот воздух е полн со соништа, добри, но и лоши. Ловецот на соништа тие го закачувале над креветите или близу до нив за да ги „фаќа“ соновите. Добрите соништа поминуваат низ пајаковата мрежа и се спуштаат надолу нежно по пердувите, така што често лицето не памти што сонувало. Лошите соништа пак, остануваат заробени во пајаковата мрежа и исчезнуваат при доаѓањето на новиот ден.

Ловец на соништаЛовец на соништа

Ловците на соништа потекнуваат од нацијата Оджибве, а за време на пан-индијанското движење од 1960-тите до 1970-тите години, тие биле присвоени од домородните Американци. Некои веруваат дека ловецот на соништа е симбол на унија помеѓу многубројните индијански нации и главен симбол на идентификација со домородните Американци или првите културни нации. Сепак, другите домородни Американци почнале да го сметаат ловецот на соништа за премногу комерцијализиран.

Ловец на соништаЛовец на соништа

Американската етнографка Френсис Денсмор во нејзината книга „Chippewa Customs“ (1929, повторно издадена во 1979, стр. 113) вели:

„Дури и доенчињата беа заштитени со магија. Пример за тоа се овие ‘пајакови мрежи’ закачени над лулките. Обично биле закачени две пајакови мрежи над креветите и се велело дека ‘тие ги фаќаат’ сите лоши работи кои се вечерта во воздухот и сакаат да ни наштетат, како што пајаковата мрежа на пајакот фаќа сè што ќе дојде во допир со неа.“

Ловец на соништаЛовец на соништа

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар