„Gangnam style“ го освои и Њујорк

„Gangnam style“ го освои и Њујорк

Можеме слободно да кажеме дека „Gangnam style“ е новата химна на танцувањето. Лудиот и смешен спот на Псај со преку 200 милиони гледања на Јутјуб му овозможи на овој кореански рапер да стане светска сензација.„Gangnam style“ го освои и ЊујоркГолем број од водителите на музичките емисии постојано го повикуваат Псај да им помогне да ја научат оваа необична и „заразна“ кореографија и тоа дополнително ги инспирира сите останати да снимаат свои видеа на песната и да ги споделуваат на Јутјуб. Погледнете како реагираат луѓето во Њујорк кога еден дечко слушајќи ја песната на слушалки не може да се воздржи, а да не заигра пред сите…

Доколку сеуште не ја знаете кореографијата или пак воопшто не сте го виделе мега-хитот „Gangnam style“ погледнете го и официјалниот спот на Псај. Ви гарантираме дека нема да можете да престанете да се смеете и дека уште во првата минута ќе заиграте и вие. 🙂



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.