5 нешта кои сите жени ги кријат од нивните партнери

5 нешта кои сите жени ги кријат од нивните партнери

Жените вешто кријат одредени нешта од своите партнери, но не затоа што се плашат да им ги откријат, туку затоа што ги сметаат како дел од својата слобода. Во едно неодамнешно истражување спроведено на социјалните мрежи, жените тешко ги откривале оние нешта кои ги кријат, но по одредено време сепак нивните маски почнале да паѓаат и тие откриле голем дел од сè она што го кријат од своите партнери. Погледнете кои биле најчестите 5 одговори…

5 нешта кои сите жени ги кријат од нивните партнери

1. Подобри сексуални искуства

Ако партнерката имала подобар љубовник, тоа сигурно нема да го открие. Поголемиот дел од жените се плашат да бидат осудувани поради своите сексуални желби, желби за експериментирања или нешто слично, додека пак некои жени едноставно не сакаат да го откријат овој факт само поради тоа да не добиваат постојано непријатни прашања како: „Можам ли да бидам подобар од твојот бивши?“

2. Женски приказни

Без разлика колку сте отворени во комуникацијата со својот партнер, жената сепак ќе има нешта кои може да ги подели само со својата пријателка. Некои жени признале дека никогаш не би ги откриле оние тајни на своите партнер за кои лесно зборуваат со своите пријателки.

3. Третмани за убавина

Можеби е прилично чудно, но многу жени нема да им откријат на своите партнери кои сè бјути третмани ги користат со цел да изгледаат толку добро. Тие сакаат да ги скријат сите ситни бори на нивното лице, како и било кои други недостатоци, притоа чувајќи ги овие тајни за себе.

4. Чувства кон бившиот

Доколку новиот партнер ја праша својата партнерка дали навистина завршила со својот бивши дечко, таа без размислување ќе рече „да“. Дури и ако сè уште чувствува емоции кон него, таа никогаш не би му ги открила на сегашниот партнер со цел да не го повреди. За време на истражувањето, некои жени откриле и дека намерно му кажувале на сегашниот партнер дека нивниот бивши бил „добра шанса“ со цел тие да се потрудат малку повеќе.

5. Стравови за неговата сестра, мајка, татко…

Многу жени откриле дека со овие теми се многу внимателни, без разлика на ставот кој го имаат кон неговите членови на семејството. Причината е поради тоа што не сакаат да го доведат до ситуација да мора тој да бира помеѓу нив и неа. Тие едноставно не сакаат да бидат причината за нарушување на нивниот однос, па токму затоа често ги премолчуваат овие нешта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар