5-те најгледани видеа на Тик Ток со совети за чистење

Иако Тик Ток е познат по своите танцувачки предизвици, во последно време привлече големо внимание со интересни совети и трикови за чистење. Погледнете кои 5 видеа се најгледани на Тик Ток.

1. Коцки во машината за садови

Ако вашите деца имаат голема колекција коцки, сигурно сте размислувале како да ги чистите. Еве еден едноставен трик: Соберете ги и ставете ги на горниот држач од машината за садови. Топлината и пареата не само што ќе ги исчистат, туку и ќе ги дезинфицираат.

@hollyvlogsofficialHow to Clean LEGO… ##lifehack ##mylifehacks ##lifehacks ##hack ##momhacks ##momhack ##mumlife ##cleaning ##lego ##cleaninghacks ##cleaninghack ##mom ##mum

♬ original sound – hollyvlogsofficial

2. Тест на чистотата на постелнина и крпи

Еден корисник на Тик Ток ги потопил постелнините и крпите во када за неколку часа. Потоа водата добила кафеава боја. Можете да го направите истото и вие ако додадете сода бикарбона, детергент и боракс.

@mrslaurenelmsThe episode everyone has been waiting for! Lets strip whites! ##laundry ##diycleaning ##laundrystripping ##tide ##borax ##armandhammer ##laundryhack

♬ original sound – mrslaurenelms

3. Чистење на рерната

Ако вашата рерна е веќе за чистење, тогаш Тик Ток има решение и за тоа. Потребни ви се сода бикарбона, бел оцет и течност за миење садови. Кога ќе ги комбинирате, тие создаваат хемиска реакција што резултира во пена за чистење.

@gia_gabrielle##diy ##cleaninghacks ##kitchen ##allnatural ##clean ##hack ##home ##fyp ##tips

♬ original sound – gia_gabrielle

4. Чистење на тоалетната школка

Многумина ја чистат тоалетната школка само со малку средство за чистење, но еден корисник на Тик Ток советува дека треба да се исчисти многу подобро. Подигнете го капакот, ставете вода, а потоа исчистете ги страните добро.

@imagineitdoneDid you have any idea you had to do this?? ##cleaninghacks ##howto ##fyp ##tutorial ##tips ##foryou ##cleaningtip ##LittleBitFancy

♬ Classical Music – Classical Music

5. Средство за чистење на дамки од бели патики

Дали имате бели патики кои почнуваат да ја менуваат бојата? Корисник на Тик Ток сподели еден трик за блескави бели патики. Оние кои ја пробале техниката велат дека функционира.

@lillianbabaian##howto CLEAN your WHITE sneakers 👟 ##shoes ##fashionhacks ##shoecheck ##tips ##diy ##tiktokfashion

♬ original sound – lillianbabaian

Можеби ќе ве интересираат и овие 10 трикови што ќе им го олеснат животот на сите уморни родители.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар