5 кристали за среќа кои ќе ви донесат позитивни вибрации во новата година

Без разлика дали е плацебо ефект или не, некои луѓе со сигурност тврдат дека кристалите функционираат. Ако не сте запознаени со оваа тема, сигурно се прашувате како всушност работат. Се верува дека кристалите имаат разни лекувачки способности. Се верува дека кристалите имаат влијание на енергетското поле на една личност и имаат способност да ја апсорбираат, менуваат, поместуваат, насочуваат, отстрануваат или да ја привлекуваат енергијата околу и во вашето тело.

(6)5-kristali-za-srekja-koi-kje-vi-donesat-pozitivni-vibracii-vo-novata-godina-kafepauza.mk

Кристалите се користат и во „кристално лекување“ кое го изведуваат обучени луѓе. Овие луѓе поставуваат разни комбинации на кристали по вашите чакри со цел да ја излечат или да ја променат енергијата. На кратко, се верува дека носењето, држењето и поставувањето на кристалите на разни делови од вашето тело има емоционални, духовни и физички придобивки, во зависност од кристалот. Проблемот е што ова лекување не е поддржано од науката. Многу луѓе веруваат дека сето тоа е резултат на плацебо ефектот бидејќи нашиот ум е навистина моќен. Но, штом функционира не е важно дали е плацебо или не. Ако сте заинтересирани да научите нешто повеќе за кристалите, погледнете ги овие 5 кои ќе ви донесат среќа во вашиот живот.

1. Аметист

(1)5-kristali-za-srekja-koi-kje-vi-donesat-pozitivni-vibracii-vo-novata-godina-kafepauza.mk

Потребна ви е малку среќа за остварување на соништата? Пробајте со носење ланче со аметист, или пак чувајте мало камче во вашата чанта. За аметистот се верува дека е амајлија на успехот. Исто така се вели дека ја поттикнува креативноста бидејќи го чисти и фокусира умот.

2. Тигрево око

(2)5-kristali-za-srekja-koi-kje-vi-donesat-pozitivni-vibracii-vo-novata-godina-kafepauza.mk

Тигревото око е познато и како „сезнаен кристал“. Се верува дека ви дава увид и ви ги разјаснува ситуациите кои ве предизвикуваат. Исто така се верува дека може да ве смири кога сте во напната ситуација. Ако се движите кон нови предизвици или ситуации или пак само барате некоја насока и водство во новата година, носете со себе ваков камен. Можете и да го поставите на вашето трето око (помеѓу вашите веѓи) за време на медитација или релаксација.

3. Тиркиз

(3)5-kristali-za-srekja-koi-kje-vi-donesat-pozitivni-vibracii-vo-novata-godina-kafepauza.mk

Тиркизот не само што изгледа неверојатно, туку наводно е и извор на добра среќа. Се верува дека тиркизот носи пријателство, љубов и пари во вашиот живот. Овој камен долго време бил сметан за свет од Египќаните и Инките кои го подарувале со љубов. Се верувало дека тиркизот може да ви донесе долга среќа.

4. Авантурин

(4)5-kristali-za-srekja-koi-kje-vi-donesat-pozitivni-vibracii-vo-novata-godina-kafepauza.mk

Авантуринот се смета за камен на можностите. Ако сакате добра среќа или поттик на вашите финансии, авантуринот е кристалот за вас. Исто така се верува дека овој кристал им помага на луѓето да освојат работи кои се надвор од нивна контрола. Па ако планирате да играте игри на среќа, можеби овој кристал ќе ви ги зголеми шансите за добивка.

5. Розов кварц

(5)5-kristali-za-srekja-koi-kje-vi-donesat-pozitivni-vibracii-vo-novata-godina-kafepauza.mk

Овие кристали имаат навистина неверојатна боја. Се верува дека носат позитивност, лекување, љубов и дека помагаат да го отворите вашиот ум. Овие камења може и да ве смират, па се одлични кога сте изложени на многу стрес.

Дајте им шанса на некои од кристаливе и забележете како ќе се чувствувате. Од каде знаете, можеби навистина ќе го променат вашиот живот на подобро. Ако ништо друго, барем можете да уживате во нивната убавина.

Дознајте и дали кристалите навистина имаат исцелувачки моќи.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар