5 козметички производи кои треба да ги чувате во фрижидер

5 козметички производи кои треба да ги чувате во фрижидер

Дали знаевте дека некои од козметичките производи кои секојдневно ги користите подобро е да ги чувате во фрижидерот отколку во „тропската“ клима во вашата бања?

1-5-kozmetichki-proizvodi-koi-treba-da-gi-chuvate-vo-frizhider-www.kafepauza.mk_

1. Маска за лице

За подобро уживање во маската за лице најдобро е истата да ја чувате во фрижидерот. Колку температурата на маската е пониска, толку подобро ќе ја нанесете на вашата кожа, но и ќе ја отстраните без никакви иритации.

2-5-kozmetichki-proizvodi-koi-treba-da-gi-chuvate-vo-frizhider-www.kafepauza.mk_

2. Крема за областа околу очите

Овој производ има цел да ве одржи помлади колку што е можно подолго, но дали сте знаеле дека тој ќе биде многу поефикасен ако се наоѓа на пониска температура? Студенилото ги стеснува жилите, односно протокот на крвта се намалува низ меките ткива.

3-5-kozmetichki-proizvodi-koi-treba-da-gi-chuvate-vo-frizhider-www.kafepauza.mk_

3. Лак за нокти

Чувањето на лакот за нокти во фрижидерот ќе помогне тој да ја зачува својата формула во оптимална состојба за примена и ќе го спречите згуснувањето и формирањето грутки што е честа појава на еден отворен лак за нокти.

4-5-kozmetichki-proizvodi-koi-treba-da-gi-chuvate-vo-frizhider-www.kafepauza.mk_

4. Парфем

Светлината и топлината влијаат на промената на нивото на многу чувствителните состојки во парфемот. Ако вашиот омилен парфем го чувате во фрижидерот, подалеку од сонце и топлина, формулата ќе остане недопрена, а вашиот мирис идентичен како на денот кога сте го купиле.

5-5-kozmetichki-proizvodi-koi-treba-da-gi-chuvate-vo-frizhider-www.kafepauza.mk_

5. Ретинол и витамин Ц

Во моментот кога овие активни состојки ќе се изложат на непријателското опкружување во кое живееме (сонце и топлина), ја менуваат својата хемиска структура, односно нивните „волшебни моќи“ значително им се намалуваат.

6-5-kozmetichki-proizvodi-koi-treba-da-gi-chuvate-vo-frizhider-www.kafepauza.mk_

Освен чувањето на козметичките производи, добро е да знаете и колку е рокот на траење на вашата козметика.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар