40 невообичаени начини на кои го мериме времето

Дали знаете дека времето може да се мери и без часовник? Најверојатно и самите сте го направиле тоа повеќе пати без да бидете свесни. Не ви се верува? Прочитајте ги следниве 40 необични ситуации во кои сигурно ќе се пронајдете…

40 невообичаени начини на кои го мериме времето

Мерење на времето според тоа:

1. Колку долго ѝ треба на гумата за џвакање да го изгуби вкусот.

2. Колку долго трае реклама на Јутјуб.

3. Колку му треба на кафето да излади.

4. Колку му треба на ладното кафе да се стопли за да можете да го пиете.

5. Колку работи можете да направите пред да ви ја достават храната што сте ја нарачале.

6. Колку песни треба да ислушате за да стигнете од дома до автобуската постојка.

7. Колку песни треба да ислушате за да стигнете од автобуската постојка до работа.

8. Колку батерија има вашиот мобилен телефон.

9. Колку пијачки треба да испиете за да се чувствувате пријатно.

10. Колку пијачки треба да испиете за да ви стане премногу пријатно.

11. Колку страници ви останале од книгата.

12. Колку долго му треба на малото растение да порасне.

13. Колку брзо се средувате кога доцните за на работа и колку време ви треба кога имате цело попладне и цела вечер за да се дотерате за на забава.

14. Уште колку месеци треба да чекате за да можете повторно да облечете кратки панталони.

15. Колку долго ви треба да запознаете некого.

16. Колку долго ви треба да заборавите на нечија грешка.

17. Кога последен пат сте ја носеле омилената кошула.

18. Кога последен пат сте чуле некоја песна.

19. Кога последен пат сте гледале некој филм.

20. Колку минути му требаат на таксито да пристигне (Дали треба да излезете или имате време набрзина да се пресоблечете?)

40 невообичаени начини на кои го мериме времето

21. Кога последен пат сте се бакнувале.

22. Кога последен пат сте ги смениле чаршафите.

23. Сеќавањата „На денешен ден“ на Фејсбук.

24. Колку списанија треба да прочитате за да стигнете некаде.

25. Кога последен пат ви пратил порака.

26. Кога последен пат ви се јавила.

27. Колку трае една епизода од вашата омилена ТВ серија.

28. Колку ќе треба да одите за да стигнете до некаде.

29. Колку долго ќе ви трае пакетчето гуми за џвакање.

30. Кога последен пат сте носеле некои чевли.

31. Колку цигари ќе ви требаат за на одмор.

32. Колку мислите дека ќе ви треба за да преболите некого.

33. Колку навистина ќе ви треба да преболите некого.

34. Што ќе правите периодот помеѓу оброците.

35. Уште колку работи треба да направите пред да си легнете.

36. Што сте правеле пред еден час.

37. Што сте правеле пред еден ден.

38. Што сте правеле на овој ден, пред една недела.

39. Што сте правеле на овој ден, пред еден месец.

40. Што сте правеле на овој ден, пред една година.

Сега откако дознавте како можете да го мерите времето, дознајте кое е најдоброто време за секс, коктел, дремка, учење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар