Кое е најдоброто време за секс, коктел, дремка, учење?

Во денешно време експертите од разни области, секојдневно прават истражувања за да дојдат до резултати кои ќе го информираат светот за сето она што се случува во областа на науката, а тие резултати директно влијаат на нашиот секојдневен живот, како и на менталното и физичкото здравје. Во продолжение прочитајте кои часови од денот, експертите ги определиле како идеални за да имате секс, да се одморите со попладневна дремка, најдобро да го меморирате материјалот за испит или да стопите најмногу калории со спорт.

Правилно време за мерење на тежината е 7 часот наутро

Едно истражување покажало дека луѓето кои се качуваат на вага секој ден, губат два пати повеќе килограми од оние кои се мерат еднаш неделно, бидејќи повеќе ќе внимаваат што јадат во наредните денови, доколку вагата покажала повеќе од вообичаено. За да ја дознаете вашата најточна моментална телесна тежина, качувајте се секое утро на вагата, веднаш откако ќе станете од спиење и ќе го посетите тоалетот. Немојте да се мерите повеќе пати во денот, бидејќи во зависност од тоа што јадете и пиете и колку сте физички активни во текот на денот, вашата тежина може да варира од 1 до 2,5 кг.

Кое е најдоброто време за секс, коктел, дремка, учење?...

Ако константното следење на вашата тежина прави да се чувствувате опседнато или нервозно, обрнете внимание само на тоа како ви стои облеката. Шеесетгодишната актерка Кирсти Алеј која имаше големи проблеми со тежината, успеа да се задржи на тежина од 45 килограми, купувајќи го истиот фустан во различни големини кои варирале од број 44 до 35, за да ја следи нејзината тежина. Сега таа носи број 35.

Најдобро време за бричење на нозете е 8 часот наутро

Тромбоцитите се значајни фрагменти на крвта, кои го овозможуваат нејзиното засирување кога ќе се пресечете со жилетот при бричењето. Тие се најгусти и најобилни рано наутро, вели Џенифер Акерман, авторка на книгата „Sex Sleep Eat Drink Dream: A Day in the Life of Your Body“. Поради тоа, ако случајно се пресечете додека се бричите, голема е веројатноста дека нема многу крв да почне да блика ако тоа го сторите рано наутро, па нема да морате да се шетате со ханзапласти по нозете.

Кое е најдоброто време за секс, коктел, дремка, учење?...

Идеално време за попладневна дремка е од 13 до 15 часот

Дремките не се само за бебиња и пензионери. Ваквото краткотрајно спиење може да ви ги подобри рефлексите додека го возите автомобилот, да ја зголеми вашата креативност на работното место и да ви помогне да запомните каде си ги заборавивте клучевите. Пладневната починка може дури и да ви го спаси животот. Едно истражување спроведено од страна на Харвардското училиште за јавно здравство и Атинскиот медицински универзитет во Грција, покажало дека со попладневната дремка се намалува процентот на смртни случаи за една третина, на мажи и жени кои имале срцеви проблеми.

Најдобро време за дремка според докторот и интернист Кери Питерсон, е во првите часови после пладне, бидејќи во тој период „хормонот за спиење“ мелатонин, најмногу се лачи. Во секој случај, не треба да дремете повеќе од 20 минути, бидејќи после таа точка, мозокот влегува во подлабока фаза на спиење, поради што ќе се чувствувате поисцрпено кога ќе го слушнете звукот на алармот.

Кое е најдоброто време за секс, коктел, дремка, учење?...

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    Најдоброто време за спортување е од 16 до 18 часот
    хуху мене тренингот ми почнува во 16, а ми трае до 18 :)) епа мило ми е :) хаха

Остави коментар