4 вистини кои ќе ви помогнат подобро да ги разбирате мажите на различна возраст

4 вистини кои ќе ви помогнат подобро да ги разбирате мажите на различна возраст

Иако жените често се склони да мислат дека мажите се површини и не толку комплексни како нив, едно ново истражување го докажало токму спротивното. Припадниците на посилниот пол се покомплексни од кога било претходно. Истражувањето кое било спроведено на 3.500 жени и мажи, меѓу другото покажало и дека нивното однесување воопшто не е детско, баш напротив, тие се однесуваат комплексно и разновидно, на сите видови возрасти. Резултатите можеле да се групираат во 4 основни категории, давајќи ни 4 возрасни групи со свои специфични карактеристики на однесување во кои можат да се сместат сите мажи.

4 вистини кои ќе ви помогнат подобро да ги разбирате мажите на различна возраст

1. Нови традиционалисти – Мажи од 18 до 24 години на кои им се поважни семејството и пријателите од парите. Дружењето со пријателите им е пред љубовните состаноци, тие не се плашат од неуспех и не го поддржуваат честото менување на работата. Нивниот став е дека работата треба да се одвои од приватниот живот.

2. Неуморни освојувачи на трофеи – Мажи од 25 до 34 години на кои им е важен изгледот и модата. Тие вежбаат со цел да изгледаат подобро, а не поради здравјето, преферираат познати брендови, сакаат да купуваат и патуваат. Сметаат дека профилот на социјалните мрежи им го отсликува нивниот карактер.

3. Заборавената генерација X – Мажи од 35 до 44 години во кои се наоѓаат самоуверени мажи кои се задоволни со постигнувањата во животот и на кои сексот им е поважен од другите нешта. Тие вежбаат според изгледот, но и поради здравјето, загрижени се за стареењето, но не се срамат од производи кои се против стареење. Од сите групи тие најмалку користат социјални мрежи, но и најреално се прикажуваат на нив.

4. Отстранувачи – Мажи од 45 до 54 години кои ги преиспитуваат своите вредности и не се плашат да стават крај на односите со пријателите и партнерите, односно да усвојат нови обрасци на однесување. Горди се на сè што стекнале, не размислуваат за производи против стареењето и поважно им е да се чувствуваат добро, отколку да изгледаат добро. Тие обожаваат да патуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар