Одлична техника против несоница: Забавен начин да заспиете лесно и да не се будите постојано

Одлична техника против несоница: Забавен начин да заспиете лесно и да не се будите постојано

Се верува дека секоја трета личност има проблеми со спиењето или тешко заспива. Хроничната несоница е дефинирана како нарушување на сонот кој се јавува најмалку 3 ноќи неделно и трае најмалку 3 месеца. Таа може да биде предизвикана од многу нешта – промена на окружувањето, нездрави навики на спиење, работа во смени, различни клинички нарушувања и одредени лекови. Таа исто така може да влијае и врз појава на други болести, како депресија, зголемен крвен притисок, дијабетес… Па, ако и вие страдате од хронична несоница, тогаш погледнете ја оваа техника која ќе ви помогне полесно да се справите со неа и конечно да почнете непрекинато да спиете во текот на целата ноќ…

Одлична техника против несоница: Забавен начин да заспиете лесно и да не се будите постојано

1. Замислете како стоите пред училишна табла. Во едната рака држите креда за пишување, додека пак во другата сунѓер за бришење. На средина од таблата нацртајте голем круг.

2. Откако ќе го нацртате големиот круг, внатре испишете голем „X“, а потоа избришете го знакот, но многу внимателно со цел да не го избришете и кругот.

4. Кога ќе завршите со бришењето, надвор од кругот, десно од него, напишете го зборот „подлабоко“.

5. Следниот чекор е пишување на бројот „100“ во кругот и веднаш потоа негово внимателно бришење, без притоа да ги допрете линиите на кругот.

6. Сега напишете го бројот „99“ во кругот и избришете го на истиот начин, повторно насочувајќи ги вашите очи кон зборот „подлабоко“. Продолжете да го правите тоа, одбројувајќи надоле.

7. Секој пат кога ќе го направите ова движење, вие ќе влезете подлабоко во здравото ниво на свесност кое ќе ве води во насока на природно и здраво спиење.

Оваа техника е многу поефикасна од броењето овци!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар