4 работи кои треба да ги знаете за Адама Иву, жената што е прогласена за личност на годината

2017-та се претвори во годината за соочување со сексуалните напади, вознемирувањето и мизогинијата. Оваа година жените истапија напред и гласно кажаа за мажите кои ја злоупотребуваат својата моќ за експлоатација на жени. TIME ја најави насловната за „Личност на годината“ на 6-ти декември, а престижната насловна страница беше премногу голема за само една личност. Храбрите индивидуи кои прозбореа против сексуалното вознемирување се во фокусот на насловната за оваа година.

(2)4-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-adama-ivu-kafepauza.mk

Во овие луѓе спаѓа и Адама Иву која имала храброст да собере 147 жени кои проговорија за сексуалното вознемирување во Калифорнија. Откако и таа била жртва на ова, се шокирала кога сфатила дека никој од сведоците не проговорил за вознемирувањето. Наместо да го игнорира настанот, таа решила да преземе акција против овие мажи кои се навикнале да прават што сакаат.

Активистката Тарана Бурк можеби го смислила хаштагот #MeToo (и јас исто) пред 10 години, но тој стана популарен дури сега од страна на жените кои биле уморни од постојаното малтретирање. Движењето #MeToo стана премногу моќно за да можат да го прикријат. Во продолжение погледнете уште некои работи кои треба да ги знаете за приказната на Адама кои ќе ве инспирираат да прозборите.

1. Движењето што промени сè

Адама Иву била на чело на владините односи во западните делови на САД и гласно зборувала против малтретирањето. На почетокот на годинава, Адама изјавила дека неименуван пијан маж почнал да ја допира на еден настан организиран на работното место. За работите да станат уште полоши, никој од просторијата не го опоменал мажот, ниту пак ја прашал неа дали се чувствува добро. Како и повеќето случаи на сексуално вознемирување, особено оние кои не се пријавени, и за овој момент не проговорил никој. Нејзините машки колеги не ја сфатиле сериозно бидејќи наводно таа го познавала мажот.

„Ме разгневи бидејќи тоа се случи пред други машки колеги. Тие ми рекоа дека сум го прегрнала, па си помислиле дека го знам. Тоа не значи дека следните 3 минути кога го туркав од мене не сакав некој да ми помогне и да му рече да престане.“

Неколку моменти пред да биде нападната, Адама изјавила дека таа и други колеги разговарале за Харви Вајнштајн и за тоа како мажите имале моќ да им помогнат на жените кои се малтретирани. Иронично е што кога Адама се нашла во таква ситуација и никој не истапил да ѝ помогне. Но, таа решила дека овој пат нема да молчи.

2. Нејзиниот следен потег

Адама го искористила нејзиното искуство со мажот кој не сака да го именува за да го отстрани сексуалното малтретирање во политиката. Таа почнала да зборува за жените кои често се чувствувале замолчени. Бројни политичари и јавни личности од Калифорнија ѝ помогнале на Адама да состави писмо во кое го опишува однесување на предаторите во политиката. Нејзиното отворено писмо кое било објавено во Лос Анџелес Тајмс го содржи следново:

„Зошто не зборувавме? Понекогаш од страв. Понекогаш од срам. Многу често овие мажи ја држат нашата професионална судбина во нивните раце. Тие се шефови, чувари и контакти. Нашите врски со нив се клучни за нашиот професионален успех.“

Благодарение на храброста на Адама, многу жени биле поканети да се појават и да ги споделат нивните искуства. Потоа почнале да работат на план кој ќе им помогне да направат промена.

3. Раѓањето на „Рековме доста“

Адама ѝ напишала порака на една пријателка за инцидентот. Ова ја мотивирало да го прошири разговорот и со други жени кои биле присилени во непријатни ситуации со нивните колеги. Адама ја лансирала платформата „Рековме доста“. Ова е платформа за храбрите жени кои сакаат да ги споделат своите приказни за малтретирање и вознемирување. На веб-сајтот се наоѓа и листа од правни услуги и организации кои нудат помош. „Рековме доста“ е непрофитна платформа чија цел е да стави крај на малтретирањето.

4. Времето е сега

Моментот на фрустрација на работното место ѝ дало моќ на Адама. Нејзината храброст ја доведе до насловната страница на TIME. За весникот таа изјавила:

„Помлади жени ми кажаа за истиот маж кој ги малтретирал пред многу години. Сè што правев јас беше шепотење: „Еве што да носиш“, „Еве каде можеш да одиш“, „Еве кого да избегнуваш“. Но треба да се соочиме со овој проблем како група. Не можете да наречете 147 жени лажги. Не може сите да бидеме луди. Не може сите да бидеме курви.“

Луѓето како Адама се шампиони за сите нас и треба да нè мотивираат да го запреме малтретирањето на жените. Кога жените ќе ги здружат своите сили, ништо не може да ги сопре. Немојте да молчите ако и вам ви се случило истото.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар