Вистината за запознавањето на „вистинскиот“

Вистината за запознавањето на „вистинскиот“

Сигурно си го имате поставено прашањето: „Како ќе знам дека сум ја сретнал/а вистинската личност?“ Одговорот, се разбира, не е едноставен. Постојат 2 причини за тоа зошто луѓето сакаат да се венчаат.

vistinata-za-sretnuvanje-na-vistinskiot-kafepauza.mk

  • Да добијат љубов, признание, безбедност и сигурност
  • Да споделуваат љубов и да созреваат духовно и емоционално

Ако се чувствувате несигурно и осамено, веројатно ќе барате некој кој ќе ја исполни таа празнина и ќе ви ја даде љубовта која ја барате. Можеби сакате да најдете некој кој ќе ве исполни и кој ќе направи да се чувствувате вредно. Проблемот е што никој не може да го направи тоа за вас. Ова е нешто што треба да научите да го правите самите. Бидејќи секогаш сме привлекувани од луѓе кои се на исто ниво на ранливост и здравје со нас, личноста која бара љубов ќе привлече личност која исто така бара љубов. Секој човек се надева дека ќе се исполни од другиот без да сфати дека се чувствува празно и всушност нема што да даде. Поради ова, ниту една личност не е вистинската кога желбата за брак потекнува од желбата за добивање љубов и безбедност наместо споделување љубов и учење.

Наместо да се прашувате „Дали ова е вистинската личност за мене?“ прашајте се „Дали јас сум вистинската личност? Дали јас сум личност која во врската влегува полна со љубов подготвена да ја сподели или сум личност која само бара љубов и признание?“

Најголемата причина за неуспешноста на врските е тоа што секој од партнерот очекува нешто што не го добива. Кога луѓето не знаат како да се сакаат и ценат самите, и да си создадат чувство на безбедност, сигурно не можат да го направат тоа за некој друг. А сепак, сите го очекуваат ова од нивниот партнер.

Лесно е да дознаете дали некој е вистинскиот за вас кога вашата цел во врската е да учите и да ја споделувате љубовта. Личноста која е исполнета лесно забележува дали некој е „празен“ и сигурно нема да биде привлечена од таков човек. Луѓето кои се отворени за учење, за емоционално и духовно созревање, за преземање одговорност за нивните чувства и безбедност, нема да бидат привлечени од личности кои се затворени, сакаат да контролираат и само сакаат да добиваат љубов.

Нема веднаш да знаете дали сте ја пронашле вистинската личноста

Потребни се месеци за да откриете дали некоја личност е онаа којашто кажува дека е. Не можете да дознаете каков е некој сè додека не дојде до конфликт и додека не откриете како оваа личност се однесува во таква ситуација. Некои луѓе изгледаат навистина отворено и љубезно, но кога ќе дојде до конфликт стануваат гневни, покажуваат отпор и се затвораат наместо да се обидат да научат нешто повеќе за себе и за другата личност. Важното прашање е: Како оваа личност се справува со конфликтите и колку време ѝ е потребно да се отвори по конфликтот?

Бидејќи никој од нас не почнува врска целосно заздравен, важно е да знаете дали вашиот партнер сака да ги истражува конфликтите наместо само да се штити од нив. Несогласувањата се појавуваат во сите врски, но ако и двајцата партнери не сакаат да учат од овие несогласувања, нерешените проблеми со тек на време ќе ја уништат врската.

Ако сте личност која е отворена кон учење и која сака врска за да шири љубов, постојат 3 клучни „состојки“ за некој да биде вистинскиот:

  • Мора да има и најмала искра на привлекување. Ако не се чувствувате физички привлечени кон оваа личност во првите 6 месеци, голема е веројатноста дека привлечноста никогаш нема да се појави.
  • И двајцата треба да бидете грижливи, сочувствителни и да се прифатите онакви какви што сте.
  • И двајцата треба да бидете отворени кон учење во конфликт наместо само да сакате да победите и да бидете во право.

Постојат и други состојки, како заеднички интереси и вредности, и тие се важни. Но без овие 3 вашата врска нема да издржи. Пеперутките во стомакот кога ќе го сретнете вистинскиот можеби не се далеку од вистината. Ако се чувствувате депресивно во врската, веројатно не е вистинската. Но, ако се чувствувате среќно и оптимистично со оваа личност, можеби сте на правиот пат. Обрнете внимание на вашата интуиција, таа може да ви каже дали некој е добар за вас. Запомнете дека не секогаш е важно дали тој е вистинскиот. Во добрата врска треба да постои љубов и заемно почитување.

Дознајте и кои се разликите помеѓу сродната душа и животниот партнер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар