4 бои на облека што привлекуваат изобилство во животот

За многу растенија се верува дека привлекуваат љубов, среќа, богатство, а друг начин да привлечете богатство во вашиот живот е преку боите што ги носите. Секоја боја има своја посебна енергија и вибрации што можат да помогнат при привлекувањето разни работи, вклучително и љубов, но и пари. Какви бои треба да носите ако сакате да привлечете пари?

4 бои на облека што привлекуваат изобилство во животот

1. Црвена

Луѓето кои носат црвено обично го прават тоа за да се претстават како самоуверени и моќни луѓе. Оваа боја е поврзана со моќта и со привлекувањето пари во живот.

Во Кина веруваат дека црвената е боја на изобилство и богатство. Тоа е причината зошто најчесто ја избираат таа боја за украсување. Ако сакате да го следите нивното верување, изберете црвена постелнина, црвени завеси или перници. Една од опциите е црвени нокти или црвен кармин.

2. Жолта

Жолтата е боја што ја буди креативноста кај луѓето. Таа носи позитивна енергија и веднаш го подобрува расположението на сите. Поради сето тоа, жолтата е боја што привлекува нови можности, а најдобриот начин да стане дел од вашиот живот е симпатичниот жолт летен фустан.

3. Портокалова

Комбинацијата на црвена и жолта боја е всушност рамнотежа помеѓу силата и добрата енергија. Оваа боја ќе ви даде самодоверба што ќе ви помогне да издржите разни предизвици, дури и оние потешките. Исто така, за портокаловата се вели дека е боја што носи просперитет во животот.

4. Златна

Златната боја е вистинскиот избор кога барате начин да ја подобрите вашата финансиска состојба. Оваа боја се поврзува со животот, со светлината и со гламурот. Носењето на оваа боја или украсувањето на вашиот дом со златни детали, ќе ви донесете добри работи во животот.

Погледнете кои 5 бои се клучни за скап изглед ова лето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар