34 начини како вистинската дама се разликува од обичната девојка

Има многу малку вистински дами кои се љубезни, образовани, добронамерни, воспитани и кои ги почитуваат другите луѓе. Тие, исто така, ги знаат правила за добро однесување кои им овозможуваат да се чувствуваат сигурно во која било група луѓе и успеваат да избегнат многу незгодни ситуации. Ако сакате да бидете вистинска дама каде и да одите, придржувајте се до овие правила.

Облека

34 начини како вистинската дама се разликува од обичната девојка

1. Вистинската дама носи соодветна големина на облеката. Таа знае дека ако нејзиното здолниште е премногу мало или нејзината блуза е премногу тесна, нема да изгледа добро.

2. Таа не го поправа својот изглед во јавност: не го повлекува здолништето и не ја поместува долната облека. Вистинската дама оди во тоалет за да го направи сето тоа.

3. Вистинската дама носи апостолки само кога оди на базен. Таа не ги носи низ градот, дури ни кога е жешко.

4. Носи спортска облека само таму каде што е соодветно: во сала, за време на кампување или додека трча.

5. Нејзината долна облека никогаш не е видлива.

6. Не заборава да ги отстрани етикетите од чевлите откако ќе ги купи.

На маса

34 начини како вистинската дама се разликува од обичната девојка

7. Вистинска дама знае дека ако има салфетка на масата, треба да ја стави на скутот. Исто така, салфетката треба да се свитка така што горниот слој е пократок од долниот. Еден од знаците дека некој не ги знае овие правила е кога салфетката е сè уште на масата иако вечерата е почната.

8. Ако треба да замине, таа се извинува и ја остава салфетката лево од својата чинија наместо да ја стави на столот. Исто така, не треба да кажува никому зошто треба да си замине.

9. Таа нема да ја земе салфетката од подот ако ѝ падне. Келнерот ќе го стори тоа и ќе донесе нова.

10. Дамите не ја бришат устата со салфетка, тие само внимателно ги допираат аглите на усните.

11. Ако не пие алкохол, не им кажува на сите за тоа и не одбива кога некој ќе ѝ понуди. Вели благодарам, ја држи чашата некое време и се преправа дека пие. Потоа, ја става чашата на масата. Истото важи и за диетите – нема потреба да им кажувате на сите околу вас такви информации.

12. Никогаш не користи чепкалка за заби на масата и не става кармин. Таа го прави сето тоа во тоалетот.

Очила за сонце

34 начини како вистинската дама се разликува од обичната девојка

13. Вистинската дама може да ги носи очилата за сонце на главата само ако е во продавница на неколку минути. Во сите други ситуации, подобро е да ги извадите очилата и да ги ставите во чантата.

14. Дамите ги симнуваат своите очила за сонце кога влегуваат во затворена просторија или кога е облачно или темно надвор.

15. Кога за првпат ќе види некоја личност, дамата секогаш ги симнува очилата за сонце. Ако некој почне да разговара со неа на улица, таа ги симнува очилата и потоа одговара.

16. Ако сака да ги носи очилата, таа треба да ја праша личноста со којашто разговара дали нема да ѝ пречи тоа.

Зборување

34 начини како вистинската дама се разликува од обичната девојка

17. Вистинската дама не користи клетви или сленг.

18. Наместо лоши зборови, таа може да користи еуфемизми кои се неутрална замена за лошите зборови што се несоодветни. На пример, таа ги заменува „дебелина“ со „прекумерна тежина“ и сл. Постојат многу зборови што дамите можат да ги користат само за да звучат многу поучтиво.

19. Не е важно тоа што го кажува, туку како го кажува. Станува збор за брзината на нејзиниот говор. Вистинска дама мора да зборува бавно и спокојно – таа не брза.

20. Таа не поставува прашања што може да ги посрамотат луѓето, како на пример: „Колку заработувате?“, „Дали сте во брак?“, „Дали планирате да имате деца?“, „Дали сте бремена?“, „Колку години имате?“ и сл.

21. Ако некој каже нешто непријатно за неа, таа ја замолува личноста да не го прави тоа или само се насмевнува и си заминува.

22. За време на културните разговори, таа избегнува теми како што се приватниот живот, здравјето, политиката, религијата, диетите и трагичните настани.

Говор на телото

34 начини како вистинската дама се разликува од обичната девојка

23. Вистинска дама знае дека може да зборува дури и кога молчи. Телото зборува наместо неа преку гестовите, мимиките и држењето. Покрај тоа, шминката и облеката може да откријат многу работи за жената.

24. Дамата никогаш не се опушта кога седи на фотелја. Таа го држи грбот исправен и седнува полека наместо да се „фрли“ на неа.

25. Вистинската дама не само што оди или седи со исправен грб, туку така и живее. Таа знае колку држењето на телото може да влијае на начинот на кој луѓето ве третираат. Држењето на телото зборува многу за тоа колку е таа самоуверена, здрава и многу други работи.

26. Таа знае како да седи на елегантен начин и знае дека колената мора да бидат блиску едно до друго, а прстите на нозете треба да се во иста насока.

Љубезност

27. Дамата треба да ги контролира своите емоции. Таа е љубезна кон вработените во хотелот и во ресторанот, кон продавачите, таксистите и сл.

28. Вистинската дама никогаш не се расправа со луѓето во јавност. Ако има проблеми со сопругот или со децата, таа приватно разговара за тоа.

Во театар

29. Вистинска дама се облекува соодветно и нејзината облека треба да биде елегантна.

30. Кога оди во театар, носи чевли или чизми со потпетици. Таа знае дека патиките и апостолките не се најдобриот избор.

31. Кога оди во театар, таа носи мала чанта, а не голема.

32. Вистинкста дама не носи голема фризура затоа што знае дека ќе има луѓе кои седат зад неа. Истото важи и за шеширите.

33. Таа знае дека може да користи само еден потпирач за рака.

34. Ако оди во театар со маж, таа знае дека мажот треба да ги покаже билетите на влезот. Не е нејзина одговорност да ги пронајде редот и местата. Мажот прв влегува во салата и ѝ го покажува на дамата патот до нејзиното место.

Погледнете кои 12 навики во однесувањето се клучни за личност со добри манири.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар