30 закони на кармата: Сè што се случува во вашиот живот зависи од овие работи

30 закони на кармата: Сè што се случува во вашиот живот зависи од овие работи

Сигурно многупати сте слушнале дека и позитивната и негативната енергија што ја испраќате ќе ви се врати како бумеранг. Но, постојат и други, помалку познати закони на кармата. Можеби не сте чуле за нив, но кога ќе ги прочитате, ќе сфатите дека функционираат и дека можете да ги почувствувате.

30 закони на кармата: Сè што се случува во вашиот живот зависи од овие работи

1. Вистинската радост доаѓа само како резултат на напор, работа, трпеливост и жртвување.

2. Слободата доаѓа заедно со одговорноста.

3. Енергијата и љубовта што ги вложувате во врската, сигурно ќе ви се вратат. Можеби не преку личноста што ја сакате, но универзумот ќе најде начини да ви ги врати.

4. Она што ѝ го давате на некоја друга личност, вие всушност му го давате на целото човештво.

5. Она што го вложувате во вашата работа, го вложувате и во човештвото.

6. Вредноста на вашата работа лежи во енергијата и во подготвеноста да се потрудите.

7. Ќе страдате сè додека не ја научите лекцијата што треба да ја научите. Кога ќе ја научите лекцијата, ќе имате алат во вашите раце што ќе ви помогне да го прекинете циклусот на страдање.

8. Ако живеете во минатото или во иднината, ја пропуштате сегашноста.

9. Придржувањето до старите навики и начини на размислување го спречува личниот развој.

10. Ќе ја научите лекцијата кога вашите зборови, мисли и дела ќе се усогласуваат со неа.

11. Вашата личност ќе згасне и ќе се удави во негативност ако заборавите да се фокусирате на моралот и на духовноста.

12. Алчноста и мирот не можат да опстанат заедно.

13. Малите дела силно се рефлектираат во универзумот. Бидете свесни за секое ваше дело, колку и да ви изгледа безначајно.

14. За да постигнете нешто големо и значајно, прво мора да постигнете нешто мало.

15. Ништо нема да заврши пред да преземете нешто. Колку и да е мал првиот чекор, тој секогаш е најважен.

16. Вашите љубов, енергија, напорна работа и инспирација му носат нешто убаво на целиот свет, а универзумот ќе ве награди за тоа.

17. За да растете и да напредувате, мора да бидете подготвени за промени.

18. Учете од вашето минато и дајте сè од себе во сегашноста. Тоа е единствениот клуч за светла иднина.

19. Само вие сте одговорни за вашата среќа. Никој друг.

20. Сите сме дел од нашето опкружување. Нашата енергија има силно влијание врз пријателите, врз партнерот и врз семејството, без разлика дали е позитивна или негативна.

21. На крајот, секогаш стануваме она што криеме во себе.

22. Кога ќе го сретнеме непријателот, не смееме да го промениме нашето однесување и да ги заборавиме законите на кармата.

23. Кога ќе сретнеме некој „полош“ од нас, не смееме да заборавиме на личните недостатоци.

24. Она што одбивате да го прифатите, мора да се развие и да стане поинтензивно за повеќе да влијае на вашиот живот.

25. Вашата награда е пропорционална со вашите напори.

26. Промената доаѓа однатре. Не треба да очекуваме другите луѓе да променат нешто во нас. Само ние ја имаме таа моќ.

27. Не можеме да ги промениме другите луѓе. Можеме да се промениме само ние самите.

28. Надворешните промени започнуваат со внатрешните.

29. Ако се предадете себеси, ја губите можноста да живеете вистински живот.

30. Промените што сакаме да ги видиме во светот, прво мора да ги промениме кај нас. Тоа можеме да го постигнеме со зборови, мисли и дела.

Прочитајте ги и овие 7 работи што не сте ги знаеле за кармата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар