3-те најдобри трикови за спречување на гребнатините на мебелот

Гребнатините можат да ја уништат естетиката на секое парче мебел во домот. Но, тоа не значи дека треба да се збогувате со сите дрвени површини како вашите омилени столици, ормани, комоди или трпезариски маси, бидејќи решението за нив се крие во овие едноставни и евтини трикови во вашата кујна.

3-те најдобри трикови за спречување на гребнатините на мебелот

1. Емулзија од маслиново масло и оцет. Помешајте 125 милилитри маслиново масло во 125 милилитри алкохолен оцет. Во добиената смеса натопете една памучна крпа, исцедете и добро истријте ја дрвената површина.

2. Тоник од црн чај. Во 125 милилитри врела вода ставете една до две вреќички црн чај. Оставете да делува 5 минути и потоа извадете ги вреќичките. Натопете памучна крпа и премачкајте ги изгребаните дрвени површини, а потоа избришете со сува крпа.

3. Паста од инстант кафе. Во шолја ставете една кафена лажичка инстант кафе и додајте онолку врела вода колку што е потребно за да се направи густа паста. Натопете една крпа во смесата и со неа истријте ги гребнатините. Потоа, избришете со сува крпа.

3-те најдобри трикови за спречување на гребнатините на мебелот


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар