3 месечеви магии и ритуали што можете да ги пробате овој викенд

3 месечеви магии и ритуали што можете да ги пробате овој викенд

Месечината е едно од најмоќните нешта во нашиот свет. Има влијание на гравитацијата, плимата и осеката и месечните циклуси на телото. Секој дел од лунарниот календар „повикува“ разен вид енергија. Можете да правите месечеви магии и ритуали што одговараат со моменталната месечева фаза.

3 месечеви магии и ритуали што можете да ги пробате овој викенд

Овој викенд месечината ќе биде во својата последна четвртина. Еве каква енергија се ослободува во секоја месечева фаза:

  • Млада месечина: Затворање.
  • Прва половина: Намери и почнување нови проекти.
  • Прва четвртина: Привлекување пари, љубов и слично.
  • Последна фаза на осветлување: Обновување на енергијата на веќе започнат проект.
  • Полна месечина: Најмоќната месечева фаза. Ќе ви помогне за што било.
  • Прва фаза на затемнување: Чистење.
  • Последна четвртина: Отстранување енергетски блокади.
  • Последна фаза на затемнување: Ослободување од чувствата за некој или нешто.

Овој месец е совршен период за ослободување од чувствата за некого или нешто и отстранување на пречките кон вашата цел. Во продолжение погледнете ги 3-те месечеви магии или ритуали што ќе ви помогнат во ова.

1. Месечева бања

Сега е одличен период за прочистувачка месечева бања. Ова може да биде симболично или како ритуал. Потребно е само да посветите време и внимание во подготовка и да уживате во купката.

Додека ја подготвувате купката вдишете длабоко неколку пати и насочете го вниманието кон овој ваш мал ритуал. На лист хартија во сегашно време запишете ја целта што сакате да ја постигнете. На пример, ако вашата цел е да го заборавите поранешниот партнер запишете: Ослободен/а сум од чувствата од поранешниот партнер.

Ставете околу 250 грама сол во купката. Можете да додадете и неколку листови сушена жалфија во водата или да ги запалите. Исто така можете да додадете и есенцијално масло. Додека сте во водата размислете за чувствата и емоциите поврзани со ситуацијата што сакате да ја надминете. Постојано потсетувајте се дека ќе се ослободите од нив штом ќе завршите со бањата.

2. Магија со светилка

Потребни материјали:

  • Сина свеќа и запалка
  • Фотографија од личноста што сакате да ја заборавите
  • Огноотпорен сад
  • Сушена бела жалфија

Земете ја фотографијата и запалете ја. Поставете ја во садот и гледајте ја додека гори. Додека гори повторувајте ја следнава мантра: Во светлината на оваа месечина се движам напред и ги оставам проблемите зад мене. Делот од мене што ме држи до тебе сега е слободен. Те ослободувам.

Кога фотографијата ќе изгори, запалете ја жалфијата. Потоа запалете ја свеќата и оставете ја да гори во текот на ноќта, додека не си легнете. Палете ја свеќата секоја вечер пред спиење сè додека не изгори целата.

3. Месечева медитација

Ако не ви се допаѓаат купките и ритуалите, можете да пробате нешто едноставно како медитација. Седнете во темна просторија на удобно место. Обидете се да најдете место од каде што ќе можете да ја гледате месечината. Медитирајте само за целите кои најдобро се манифестираат во оваа фаза од месечината.

Овие ритуали и магии се за забава, но секогаш можете да уживате во месечината. Не заборавајте да се заблагодарите за нештата што веќе ги имате во вашиот живот.

Дознајте и нешто повеќе за моќта на палењето свеќи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар