29 факти што докажуваат колку се неверојатни мачките - Part 2

29 факти што докажуваат колку се неверојатни мачките

15. Најстарата раса мачки е египетски мау

Предците на овие мачки живееле пред повеќе од 4.000 години.

29 факти што докажуваат колку се неверојатни мачките

16. Некои луѓе премногу сакаат мачки

Можеби токму ова е причината што мачките се првите комерцијални клонови. Првата клонирана мачка се викала Ники, а сопственикот платил 45.000 евра за процедурата.

17. Видовито патување

Сите имаме слушнато приказни за мачки кои се вратиле дома, дури и ако биле оддалечени со километри. Овој талент е познат како видовито патување. Се верува дека мачките имаат посебни клетки во нивниот мозок кои се како внатрешен компас. Постои теорија и дека мачките си го наоѓаат патот користејќи ги аглите на сончевата светлина.

18. Мачките не си мјаукаат една со друга

Всушност, мачките им ржат на другите мачки, а мјаукаат само за луѓето.

19. Можат да ги манипулираат луѓето

Кога на мачката ѝ е потребно нешто од сопственикот, таа може да го прилагоди нејзиното мјаукање за да го манипулира.

20. Бушаво крзно

Мачките имаат 20.000 влакна на центиметар квадратен, а ова ги прави совршени за гушкање.

29 факти што докажуваат колку се неверојатни мачките

21. Доминантна шепа

Како и луѓето, така и мачките можат да бидат леваци или деснаци. Повеќето женки се деснаци, додека мажјаците обично се леваци.

22. Најуспешниот ловец на мачки

Името на оваа мачка било Таусер и таа живеела во Шкотска, каде што ги заштитувала продавниците од глодачи. Таусер фатила околу 30.000 глувци и по нејзината смрт, во нејзина чест била направена бронзена статуа.

23. Брзо чукање на срцето

Срцето на мачките чука два пати побрзо од човечкото, односно од 110 до 140 удари во минута.

24. Чувствителност

Мачките се навистина чувствителни кога станува збор за забележување вибрации. Некои мачки можат да ги забележат земјотресите 10 или 15 минути пред луѓето.

25. Температурата влијае на бојата на мачката

Во 1930-тите, ова било откриено кај сијамските мачки. Овој вид има албино гени кои прават вистинска магија кога температурата е повисока од 36 степени Целзиусови. Тие често имаат темни делови на нозете, опашката, ушите и лицето, додека останатиот дел од крзното останува со светла боја. Ова се случува и кај хималајските мачки и други европски видови.

29 факти што докажуваат колку се неверојатни мачките

26. Првата мачка која се појавила во цртан филм била Феликс

Првата мачка од цртан филм е наречена Феликс, а Том е можеби најпознатата анимирана мачка во светот. „Мачки“ (Cats) е најпознатиот мјузикл за мачки на сите времиња и премиерно бил прикажан во Лондон, во 1981-ва година.

27. Вистински патници

Хамлет е мачка која избегала од нејзиниот кафез и поминала 7 недели на авион. За овој период таа поминала над 600.000 километри.

28. Мачка милионер

Томасо бил уличен мачор од Рим, сè додека не ја запознал неговата сопственичката, Марија Асунта. Благодарение на љубовта што ја добила од мачката, и поради тоа што немала деца, Марија оставила наследство за мачката во вредност од речиси 13 милиони евра. Бидејќи било невозможно да го остави цело ова богатство на мачката, Марија ја претворила нејзината медицинска сестра во чувар на парите на мачката.

29. Млекото може да биде лошо за мачките

Ако мислите дека млекото е најдобрата ужина за мачките, грешите. Како и повеќето возрасни цицачи, мачките можат да бидат нетолерантни на лактоза.

Дознајте и што значат „чудните“ однесувања на вашата мачка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар