25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневно

Сигурно не ве изненадува фактот дека светот е валкано место полно со милиони бактерии. Но она што ќе ве изненади е кога ќе дознаете кои се највалканите места во вашиот дом и надвор од него. Па, погледнете кои се 25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневно.

25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневно

1. Брави

Иако постојат модерни брави што се отпорни на бактерии, не значи дека секогаш се ефективни. А бравите коишто не се отпорни се уште полоши.

2. Рачката на фрижидерот

Искрено, колку често ја чистите рачката на вашиот фрижидер? Најверојатно никогаш. Но треба да почнете да го правите тоа бидејќи овој дел често е полн со бактериите кои живеат на пилешкото и свинското месо. Причината е тоа што луѓето го вадат месото од фрижидер, го допираат и го враќаат без да ги измијат рацете.

3. Копчиња на автомати

Следниот пат кога ќе користите автомат, имајте го на ум следново – сигурно ќе изедете нешто повеќе од тоа што сте го купиле. Најлошо од сè е што за храната од автомати не користите прибор, па бактериите често завршуваат во вашата уста.

4. Мерачи за паркинг

Според неодамнешно истражување, 40% од мерачите за паркинзи биле обележани како ризични места за пренесување на болести.

5. Копчиња на семафорот

Копчињата на семафорите често имаат високо количество аденозин трифосфат, молекула што го сигнализира присуството на габи, бактерии и мувла.

25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневно

6. Банкомати

Неодамнешните истражувања покажале дека банкоматите имаат многу од бактериите што предизвикуваат гадење и дијареја. Интересно е што ова се истите бактерии што се наоѓаат и во јавните тоалети.

7. Далечински управувачи

Додека чистотата на далечинскиот управувач во вашиот дом зависи од вашата лична хигиена, управувачите во болници, хотели и слично се навистина валкани. Не само што вдлабнатините ги прават совршени за микроби, спори и телесни течности, со истражувања се пронајдени урина, па дури и сперма на јавните далечински управувачи.

8. Тоалетни школки

Иако не би се осудиле да пиете од тоалетна школка, сепак ова не е највалканото место што постои. Сепак, на 6 центиметри квадратни има околу 295 бактерии.

9. Мобилни телефони

Вашиот мобилен телефон е повалкан од тоалетна школка. Причината е тоа што овие направи често се топли и имаат премногу вдлабнатини во кои можат да се „скријат“ бактериите. Едно неодамнешно истражување од Велика Британија покажало дека телефоните се совршено место за развој на стафилокока, бактерија која може да предизвика сè од кожни инфекции до менингитис.

10. Внатрешната брава на јавните тоалети

Иако можеби школката се чисти со секое пуштање вода, ова се разбира не важи за бравата. Всушност, големи се шансите дека бравата не е исчистена од поставувањето на тоалетот. Уште една причина да ги измиете вашите раце.

25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневно

11. Кади

Освен ако не ја чистите кадата еднаш неделно, најверојатно таа е уште повалкана од вашата тоалетна школка. Инфекции од стафилококи, пневмонија и инфекции на уринарниот тракт се болести кои биле предизвикани од валкана када.

12. Прекинувачи за светилка

И прекинувачите се места кои речиси никогаш не се чистат. После толку години користење, нормално е на нив да има илјадници бактерии на центиметар квадратен.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар