25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневно - Part 2

25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневно

13. Копчиња на микробранова

Можеби микробрановата дома ви е чиста, но што со онаа на работното место? Дури и ако се одлучите да ја исчистите, сапун и вода нема да бидат доволно.

14. Копчиња на лифт

Не треба да ве изненади што лифтовите се на оваа листа. Тие се исти како прекинувачите за светилка, само што се допираат уште почесто.

15. Поштенски сандачиња

Истото истражување што ги прогласило банкоматите и мерачите за паркинг како едни од најзагадените нешта, покажало дека и поштенските сандачиња заслужуваат место на оваа листа.

25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневно

16. Каси во супермаркети

Овде спаѓаат касите во сите продавници, но супермаркетите се наоѓаат на листата бидејќи од таму се купува и храна. Ова значи дека имате поголеми шанси да ги внесете сите бактерии.

17. Пари

Колку е помала вредноста, толку повалкани се парите. Ова не треба да ве изненадува кога ќе помислите колку често се допираат парите. Истражување од Медицинскиот центар во Охајо покажало дека мнозинството банкноти имаат доволно бактерии да му предизвикаат сериозни проблеми на некој со ХИВ или рак.

18. Бензински пумпи

Колку пати полните бензин, а потоа јадете без да си ги измиете рацете? Бензинските пумпи се едни од највалканите нешта што можете да ги допрете.

19. Ескалатори

Освен ако навистина немате потреба да се стабилизирате, избегнувајте ги држачите на ескалаторите по секоја цена.

20. Тастатури

Ако не ги миете рацете по користење јавна тастатура, можете и никогаш да не ги миете. Тастатурите што ги користат повеќе луѓе се можеби најзагадени со микроби. Со истражувања била пронајдена дури и ешерихија коли на нив.

25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневно

21. Кујнско лавабо

Со над половина милион бактерии на 6 центиметри квадратни, ова е највалканото нешто во вашиот дом. Повалкано дури и од тоалетот.

22. Количка за купување

Истражувачите од Универзитетот во Аризона покажале дека количките за купување имаат повеќе бактерии, плунка и фекални материи од јавните тоалети, телефоните и ескалаторите. Најдобро е да носите антибактериски марамчиња и да ја избришете количката пред да ја употребувате.

23. Фонтани за пиење вода

Фонтаните за пиење можат да имаат над 2,5 милиони бактерии на 6 центиметри квадратни.

24. Детски игралишта

Иако ова не е тајна помеѓу родителите, на планетата нема ништо повалкано од детските игралишта. Сепак, на игралиштата секојдневно има деца кои плачат, крвават и се лигават.

25. Вашата уста

Сите бактерии на игралиштето, во лифтот и на тастатурата доаѓаат од едно место – вашата уста. Над 700 видови бактерии живеат внатре. Не заборавајте, не сите бактерии се лоши. Всушност, вашето тело „соработува“ со добрите бактерии кои му помагаат од дигестијата на храната, па сè до борбата против лошите бактерии и микроорганизмите.

Дали знаете колку бактерии има во салата за вежбање?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар