25 факти за дремката кои сите студенти би требало да ги знаат

25 факти за дремката кои сите студенти би требало да ги знаат

Уште во најраните години од животот, родителите и учителките во градинка и забавиште нè учеле на попладневна дремка за да можеме да го издржиме целиот ден. И таман кога сме се навикнале на одредена рутина, нашиот живот целосно се смени по тргнувањето на училиште. Моравме да се снаоѓаме на сите можни начини да останеме будни за време на секојдневните часови, а потоа и долго по нив за да можеме да стигнеме со сите обврски надвор од училиштето.

Но сега, за среќа дојде оној период во животот кога горе-долу имаме поголема слобода при организирање на денот. За време на факултетските денови, секој од нас има доволно време помеѓу предавањата или пак, по нив за една совршена дремка. А понекогаш таа би требало да добие и приоритет пред предавањата.

25 факти за дремката кои сите студенти би требало да ги знаат

Прочитајте ги наредниве неколку факти за дремката кои ќе ви го олеснат изборот во оние ситуации кога не знаете дали е подобро да останете дома и да отспиете неколку часа или да соберете некако сили и да се упатите кон вашиот факултет…

Ве прави попаметни – Според д-р Метју Вокер од Универзитетот во Калифорнија, едночасовната дремка ја ресетира вашата краткотрајна меморија и ви помага полесно да помните факти откако ќе се разбудите.

Откажете се од неспиење цела ноќ – Долгото неспиење ја намалува вашата способност да помните информации до 40%. Ако некако можете, подобро е да искомбинирате кратка дремка во вашиот распоред за учење за да го освежите хипокампусот.

Не значи тоа што мислите – Ако во план ви е да останете будни цела ноќ, обидете се со „превентивна дремка“. Тоа е кратко отспивање пред очекуваната депривација од сон кое ќе ви помогне да останете свежи во наредните 10 часа.

Не можете да го одбегнете „дремливиот“ период по ручекот со нејадење – Човечкото тело природно поминува низ 2 фази на длабока умореност, една помеѓу 2 и 4 часот по полноќ, а потоа повторно помеѓу 13 и 15 часот попладне. Прескокнувањето на ручекот нема да ви даде дополнителна енергија во вториот период.

Одберете го вистинското време – По ручек, односно за време на раното попладне вашето тело природно се изморува. Ова е најдобро време за кратка дремка, бидејќи е доволно рано да не го нарушите вашиот вечерен сон.

Едночасовните дремки се добри – 60-минутна дремка го подобрува вашиот фокус во наредните 10 часа, но имајте на ум дека секое отспивање над 45 минути кај некои луѓе може да го активира процесот „сонлива инерција“ – чувство на умореност кое трае околу половина час по будењето.

Но, кратките дремки се најдобри – За здрави возрасни, дремките кои траат 20, 10, па дури и 2 минути можат да бидат токму она што ви е најпотребно во тој момент, истовремено и ќе се одморите и нема да имате чувство на умореност кога ќе се разбудите.

Прво пијте кафе – Пред да легнете да отспиете 20-тина минути, напијте се кафе. Кога ќе се разбудите кофеинот ќе почне да работи и ќе се чувствувате свежи и подготвени за работа.

Дремката НАСА – Мала група наречена НАСА открила дека 26-минутна дремка ги зголемува способностите за 34% и внимателноста за 54%. Пилотите често го употребуваат овој процес додека авионите им се на автопилот.

Не можете да заспиете? Не паничете – Дури и кога не можете да заспиете, доволно е само да лежите и да се одмарате. Истражувањата покажале дека одморот го намалува крвниот притисок, дури и кај оние студенти кои имаат генетска предиспозиција за висок притисок.

Дремката може да ви го спаси животот – Долгогодишна грчка студија открила дека отспивањето барем 3 пати неделно по околу 30 минути резултирало со 37% намален процент на смрт во поглед на проблемите со срцето.

Повеќе дремки позитивно влијаат на мозокот – Не само што таа ќе ви помогне да останете фокусирани, туку исто така ќе ви помогне и при донесувањето одлуки, со креативноста и со сензорната перцепција.

Но чекајте, има уште – Студиите откриле и дека дремката ја зголемува вашата издржливост за 11%, ќе ја зголеми вашата способност да не се будите во текот на вечерта за 12% и ќе го намали времето кое ви е потребно да заспиете за 14%.

Совршената дремка – Според д-р Сара Медник, најдобрата дремка настанува кога РЕМ сонот е пропорционален со лесното спиење. Со помош на нејзиниот калкулатор „Take A Nap Nap Wheel“ можете да дознаете во кој дел од денот вашата дремка би ви била најдобра.

Борбата на бруцошите – Истражувањата покажуваат дека студентките кои спијат околу 5 часа во текот на вечерта имаат 32% поголема шанса за зголемување на тежината, за разлика од оние кои спијат 7 часа. Двочасовната дремка не е изводлива за секого, но сепак тоа е добар начин да надоместите за недоволниот сон од претходната ноќ.

Ако било доволно добро за нив… – Претседателите Џ. Кенеди и Б. Клинтон редовно отспивале во текот на денот за да можат да го издржат товарот на владеењето. Секако, тие имале и други методи на релаксирање, но тоа е веќе друга тема.

Правете како Римјаните – Во античкиот Рим, сите, вклучувајќи ги и децата се повлекувале на 2 до 3 часовен сон по ручекот. Без сомнение ова е причината поради која Римската империја траела над 1.000 години.

Не чекајте премногу долго – Најдоцното будење мора да биде околу 5 часа пред времето за спиење. Доколку се разбудите подоцна, големи се шансите да не можете да заспиете цела ноќ.

Шеќерот не е добра замена за дремка – Кога сме уморни, ние инстинктивно посегнуваме по „блага“ храна која ни дава енергија, но откако првичниот бран на таа енергија ќе исчезне, најчесто сме поуморни од претходно.

Тоа е добар начин да надоместите – Ако ви е потребно помалку од 5 минути за да заспиете навечер, тоа значи дека ви фали сон. Ако никако не успевате порано да си легнете, попладневната дремка е одличен начин да надоместите за изгубениот сон.

Помладите студенти имаат потреба од повеќе сон – Студентите кои сè уште се во тинејџерските години (под 20) треба да спијат и до 10 часа за да можат да се чувствуваат одморено.

Напуштете ја забавата порано – По една факултетска недела недоволно спиење, 3 чашки алкохол имаат исто влијание врз вас како 6 кога сте целосно одморени.

Не возете сонливи – Не плашете се да ги искористите „итните дремки“ покрај патот во вашиот автомобил. Секоја година, голем процент од сообраќајките настануваат поради луѓе кои биле поспани зад воланот.

Методот Ајнштајн – Ако сте загрижени за прекумерното спиење, направете го она што Ајнштајн редовно го правел: држете пенкало додека задремувате, за кога конечно ќе заспиете звукот на пенкалото кое ќе падне од вашата рака да ве разбуди. (Секако по ова не гарантираме дека ќе се разбудите со IQ од 180.)

Губењето сон има најнегативен ефект во студентските години – За луѓето на возраст од 18 до 24 години, недостатокот на сон ги намалува способностите значително повеќе отколку на која било друга возраст.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар