17 секојдневни грешки кои Библијата ги забранува, но сепак христијаните ги прават

Според нашата вера никој не е совршен и сите грешиме, но ако замолиме за прошка и се покаеме ќе ни биде простено. Секој има некое свое верување и правила по кои се води, но до овие правила во денешно време ретко кој се придржува…

0-17-sekojdnevni-greshki-koi-biblijata-gi-zabranuva-no-sepak-hristijanite-sekogash-gi-pravat-kafepauza.mk

1. Не треба да се консултирате со медиум

„Не обрнувајте внимание на оние кои тврдат дека зборуваат со духови, нити пак на оние кои прават магии затоа што тие само ќе ве расипат. Јас сум единствен бог, вашиот Господ.“ – Стар Завет

Според Библијата, Господ е оној на кого треба да му се обратиме за одговори, а не на медиуми и пророци. Размислувајќи рационално, тоа е сосема добро правило затоа што голем дел од денешните медиуми се измамници кои само ќе ви ги земат парите.

2. Жените не би требало да носат провокативна облека и кичест накит

„Жените треба да се облекуваат скромно, соодветно на пригодата и чесно, без кичести украси, злато и бисери.“ – Прво послание на Тимотеј

Можеби делува строго, но сосема јасно е какво влијание има ова однесување врз жените, а и врз луѓето кои би сакале да ги искористат. Исто така, во библиското време само проститутките се украсувале со разни парчиња кичест накит за да го привлечат вниманието кон себеси.

3. Не смее да се мастурбира

„ Избегнувајте блуд. Сѐ што прави човекот надвор од телото е грев кон телото.“ – Прво послание до Коринтијаните

Некои веруваат дека Господ не го овозможил сексот само поради размножување туку и како најинтимната врска помеѓу мажот и жената. Избегнувањето на блуд го осигурува бракот да биде силен и соединет.

4. Не смее да се гледаат порно филмови

„ Јас ви велам дека секој, кој гледа на жена со желба, веќе извршил прељуба со неа во своето срце“ – Евангелие според Матеј

Многу од луѓето не се сложуваат со ова, но факт е дека порнографијата води кон опасно однесување како силување и педофилија. Исто така, затоа што порнографијата е толку пристапна и достапна, сѐ почесто се случува мажите да заболуваат од сексуална дисфункција, која не била толку честа до пред 30-40 години.

5. Не треба да ја кинете облеката

„Мојсеј им рече на Арона и на неговите синови Елеазар и Итамар: ‘Не си ги откривајте вашите глави, ниту кинете си ги облеките, за да не загинете и за да не се налути Тој на целото општество’.“ – Стар Завет

Порано, кинењето на облеката значело знак на жалост, а треба да означува искрено покајување. Од друга страна, во денешно време облеката се кине на секој маж кој станува татко, придружено од музика и алкохол.

1-17-sekojdnevni-greshki-koi-biblijata-gi-zabranuva-no-sepak-hristijanite-sekogash-gi-pravat-kafepauza.mk

6. Не треба да се тетовирате

„Не треба да го засекувате сопственото месо, нити месото на мртвите. Не треба да цртате на него затоа што тоа е против волјата Господова.“ – Стар Завет

Нашето тело е нашиот храм и мора да бидеме добри спрема него и да не му нанесуваме штета.

7. Не треба да се жените повторно откако сте се развеле

„Секој што ја остава жената, освен за прељуба, ја принудува да врши прељуба, и оној што се жени со таква напуштена жена, врши прељуба.“ – Евангелие по Марко

По покајувањето, грешката може да се прости, а тука спаѓа и разводот. Затоа новото венчавање по покајувањето не треба да се смета за прељуба.

8. Не треба да оговарате

„Не треба да одите и да ширите приказни за луѓето, нити треба да застанете против блиските соседи свои затоа што тоа е грев против Господа.“ – Стар Завет

Оговарањето е штетно по пријателствата. Тоа може да уништи нечија репутација и сосема непотребно да ги раскара луѓето.

9. Не треба се прејадувате

„…И стави нож на своето грло ако се предадеш на алчноста.“ – Книга на Соломоновите приказни

Ова е повеќе од здравствени причини – поради избегнување на здебелување и други здравствени проблеми.

10. Жените не треба да зборуваат во црква

„Некои жени молчат во црква затоа што тие мора да бидат послушни кон законот.“ – Прво послание до Коринтијаните

Овој стих е еден од најпогрешно сфатените стихови во Библијата. Ни жените ни мажите не треба да зборуваат во црква, затоа што мораат да мислат на Христа за да не се вратат паднатите ангели и да ги заведат.

11. Не треба да се има секс пред брак

Во Библијата има многу стихови кои се однесуваат на сексот пред брак, но суштината е дека тоа е грев затоа што Господ сака луѓето да се венчаваат, а не да бидат блудници.

2-17-sekojdnevni-greshki-koi-biblijata-gi-zabranuva-no-sepak-hristijanite-sekogash-gi-pravat-kafepauza.mk

12. Не треба да носите полиестер и други фабрички материјали

„Треба да ја почитувате волјата Господова. Не смеете да вкрстувате два различни вида стока нити да вкрстувате две различни семиња, нити да носите облека од мешани материјали.“ – Стар Завет

Овој стих има древен контекст во смисла дека свештениците некогаш носеле одори од волна и лен, а на другите луѓе им било забрането да се облекуваат како свештеници.

13. Не треба да јадете морска храна

„Сѐ што нема перки и жабри, а живее во морињата и реките е грозно и не треба да се јаде.“ – Стар Завет

Животните од водата се чистачи и не се наменети за човечка конзумација.

14. Жените не смеат да им помагаат на своите сопрузи во борба

Кога мажите се борат едни против други, жената не смее да му пружи рака за спас на својот.“ – Повторени закони

Овој стих се однесува на фер борба и дека едноставно не е во ред трета личност да се меша.

15. Не треба да имате кружна фризура

„Не треба да ја скратувате косата и таа не треба да има кружна форма од страните.“ – Стар Завет

Племињата во библиското време правеле одредени фризури за другите да можат да ги препознаваат.

16. Не треба да ја кратите брадата

„… ниту да ја отсечете брадата.“ – Стар Завет

Жителите на Назарет носеле долги бради и долга коса, па веројатно овој стих се однесувал на нив.

17. Не треба да се разведувате од партнерот кој изневерува и лаже

Жената не смее да го остави својот маж (а, ако го остави мора да остане немажена), а мажот не смее да ја остави својата жена.“ – Прво послание до Коринтијаните

Овој стих е погрешно сфатен, затоа што Бог не сака да останеме со некој кој нè злоставува и лошо нѐ третира, но во случај на покајување, разводот може да се прости.

3-17-sekojdnevni-greshki-koi-biblijata-gi-zabranuva-no-sepak-hristijanite-sekogash-gi-pravat-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

  1. tasak Reply

    Ama go zatupivte… A smee da se disi, prdi, krade laze, e*e, lize supce na sefot, ubiva i sto uste ne? Zivote tesko ovo jebote

  2. edenrandomtip Reply

    Кој и да го има составено ова, очигледно не живее во Црквата и со правилата на Црквата. Многу од нив се во ред, но секој што барем малку го познава православието, може само слатко да се изнасмее на 12,13,14,15,16,17. Тежок абсурд е да кажете дека е забрането да се носи полиестер или морски животни. Морските плодови дури и се сметаат за посна храна и Црквата благословува да се јадат.
    Ова е само една кратка, добронамерна конструктивна критика, за да можете да имате подобри, попрецизни содржини.

Остави коментар